На прво место

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ

Otcet

Otcet

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, стабилизирање и раст на економијата, зголемување на плати и пензии, Стратешки договор со ОК, изградба на патишта

Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година посветена работа во интерес на државата и граѓаните.

Година на големи предизвици со наследена економија фрлена на колена, држава на раб на банкрот, уништени институции.

Не беше лесно, но со посветена и макотрпна работа, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи кога приоритет ти се државата и граѓаните.

Прво што се направи, се запре слободниот пад на економија и со добро осмислени мерки и политики, за три последователни квартали забележуваме раст на ДБП од три или на 3%.

Со цел поддршка и поттикнување инвестициски циклус, како и реализација на капитални проекти на располагање на стопанството и општините се ставија 500 милиони евра.

Минатата 2024 година заврши со историски највисок износ на странски директни инвестиции од милијарда и 255 милиони евра.

Се преземаа конкретни мерки за подобрува на животниот стандард на граѓаните и се покажа за најсуштинските сектори во државата како здравство, образование, безбедност.

Пензиите се зголемија за 5.000 денари линеарно за сите пензионери, а за 10 проценти покачување на платите добија вработените безбедносниот сектор.

Се постигна историски договор со синдикатите во здравство и образование, така што за прв пат раст на платите добија сите вработени во јавно здравствените и образовни установи.

До сега, платите во образованието се зголемија за 12 проценти, а до крајот на мандатот предвидено е да пораснат до 46%, додека во здравство до сега платите на сите вработени се зголемени за 15 проценти а до крај на мандатот истите ќе пораснат за над 40%.

После долги години се прошири позитивната листа на лекови, а матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33%, односно од 75 на 100 денари, додека кај стоматолозите од 23 проценти, од 61 на 75 денари.

Не изостана ниту посветеноста за развој на земјоделие, така што земјоделците имаат партнер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, при што следи редовна и навремена исплата на субвенциите на земјоделците така што, до сега се исплатени рекордни 9 милијарди денари.

Освен средувањето на пустошот којшто го остави СДС, првата година од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, инфраструктурно се градеше и развиваше Македонија. Во употреба се пуштија два експресни патишта, Страцин – Крива Паланка и Градско Дреново, како и голем број регионални патишта.

Интензивно се работи и на изградба на автопатите дел од Коридорот 8 и 10Д, како и на автопатот Кичево- Охрид од кој во употреба се пушти и првата делница Подмоље до македонскиот туристички центар.

Не изостана ниту железничкиот сообраќај, така што во употреба се пушти пругата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар, а интензивно се работи и на втората делница до Крива Паланка.

Дополнително, со помош на историскиот стратешки Договор со Обединетото Кралство, ќе се гради и брзата товарна и патничка пруга од Табановце до Гевгелија, што Македонија ќе ја поврзе со Србија и Грција.

Стратешкиот договор со ОК ја потврдува и дипломатската посветеноста на Владата, Македонија да ја позиционира на европската и меѓународна сцена како сигурен и доверлив партнер.

Овој договор, освен што отвара инвестициски циклус од 6 милијарди евра, тој претставува и дипломатска победа за државата, затоа што покрај со САД, Македонија станува стратешки партнер и со втората најмоќна држава во светот.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top