На прво место

Македонија не е тавче-гравче, Македонија е за почит!

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Изјавата на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, дадена во Скопје, предизвика лавина од реакции во Македонија.

Наместо да остави впечаток на почит и разбирање кон Македонците и Македонија, нејзината споредба на македонскиот идентитет со традиционални јадења како „тавче-гравче“, „ајвар“ и „полнети пиперки“ беше површна, па дури и навредлива.

Европа сака да не гледа како шарена фолклорна слика, со убаво јадење и евтина работна сила. Но ние сме многу повеќе од тоа.

Ние сме народ со длабоки корени, со богата духовност, со болна но горда историја.

Македонскиот идентитет не е зготвен во глинена тава, туку е врежан во камен, во фреска, во збор, во жртва. Тој се издигнува над кујната и допира до самиот темел на европската цивилизација.

Охрид, нашиот бисер на Балканот има 365 цркви, по една за секој ден од годината. Тој е градот на Светите Кирил и Методиј, просветителите што ја создадоа глаголицата, основата на словенската писменост. Од нив произлезе Климент, првиот словенски епископ, и Наум, чии мошти и денес лечат.

Тука е и курбиновската фреска, ликот на Христос со израз на човечка болка, една од највпечатливите средновековни иконографски маски на Балканот.

Тука, на македонска почва, чекорел и самиот апостол Павле, кој ја покрстил првата христијанка во Европа – Лидија. Тоа не е мит, тоа е библиска, духовна и историска реалност.

Ние сме тие што ја примија христијанската вера први во Европа.

Македонија е Библијска држава.

Македонија е земјата на славните Филип и Александар Македонски.

Македонија им даде писмо на другите.

Ние сме тие што го чуваат јазикот и споменот, дури и кога сите други бараат да го заборавиме.

Македонскиот народ не е роден од тавче-гравче, туку од отпорот на Илинденците, партизаните, од борбата на ВМРО, од аманетот на Гоце, Јане, Карев, Ченто, Драган,… од солзите на прогонетите, од тишината на запалените цркви, од песните што ги пееме и кога нè боли. Тоа не може да се сведе на гастрономија, ниту да се сервира со приближна љубезност. Идентитетот не е храна, Идентитетот е светиња.

Нашиот идентитет е многу повеќе од гастрономија.

Ако навистина сакаат да им се приклучиме, нека не ни го сведуваат постоењето на грав и пиперки. Нека го признаат нашиот јазик, нека ја почитуваат нашата култура, историја, нека не тргуваат со нашата вистина.

Европа не смее да биде унија на интереси, туку унија на вредности. А достоинството на народот е врвна вредност.

Тој е меморија, страдање, отпор, култура, вера, јазик. Нешто што се пренесува од генерација на генерација, не во рецепт, туку во тивка молитва и упорна борба. Тоа Европа треба да го чуе, ако навистина сака да нè види како рамноправни. Инаку, ќе останеме за нив само пикантна страна на менито.

А ние сме многу повеќе од тоа.

Идентитетот не се вари.

Тој се брани.

Се чува.

Се предава и се носи во срцето како крст, како завет, како нешто што не се сервира, туку се почитува.

Библијска Македонија не е за јадење!

Библијска Македонија е за почит!

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top