На прво место

Македонскиот идентитет не се гласа, тој се живее!

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не треба да се сфаќа така, зашто тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање, вели словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева. Но за нас, Македонците, ова не е вест. Тоа е секојдневие. Тоа е живот.

Македонскиот идентитет не е предмет на трговија, ниту на политички пазар. Не е нешто што се менува со потпис, со референдум, или со уставна измама. Тој е закован во коренот на народот, врежан во гените на генерации што поминале низ војни, прогони, окупации и поделби.

Нашиот јазик, со векови пренесуван од уста на уста, од писмо до писмо, е доказ за непокорот. Не го создаде ни една партија, ни една влада, го создаде народот. И народот е тој што го чува, дури и кога политичките елити се обидуваа да го разнебитат, да го наречат „службен јазик на РСМ“ или да му додадат ѕвездички и фусноти.

Затоа денес, кога Европскиот парламент го признава она што ние одамна го знаеме, дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, треба да биде уште еден поттик за државата да престане да се повлекува и да почне да настапува со достоинство.

Ние не бараме милост. Ние бараме почит. А почит ќе добиеме само ако самите се почитуваме. Ако самите не дозволиме да се двоумиме дали сме тоа што сме.

Оваа влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, има историска обврска, да го врати достоинството на македонското име, идентитет и јазик во институциите, во учебниците, во дипломатијата. Да стави крај на понижувањата што ги видовме изминативе 7 години влада на СДС и ДУИ.

Зашто, како што кажа европратеничката Јовева, македонскиот идентитет не може да се избрише. Но, мора да се брани. Секој ден, секој час. Со ум, со срце, и со храброст.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top