На прво место

Кога глувчето ќе реши да го задева лавот треба да знае дека лавот веќе не спие!

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Во меѓународните односи постојат јасни правила. Почитта кон суверенитетот, достоинството на институциите и лидерите на една држава е темел на секој дипломатски однос. Кога тие правила ќе се нарушат, особено од официјален претставник на друга држава, тогаш тоа не е случаен лапсус туку свесна, намерна и провокативна порака. Токму тоа се случи кога бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, во емисија на бугарска телевизија, си дозволи да го нарече македонскиот премиер „северномакедонски“, придружувајќи го тоа со тон на надменост и супериорност.

Тоа не беше само дипломатска невоспитаност, тоа беше намерна навреда на нашиот премиер, на нашата држава, на нашиот народ. И ова не е првпат. Години наназад гледаме слични испади, закани, уцени, омаловажувања, и сето тоа под превезот на „добрососедство“.

Но, оваа Влада, ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека не е подготвено да молчи и да се наведнува. Министерството за надворешни работи веднаш реагираше остро, достоинствено и државнички. Амбасадорот на Бугарија беше повикан, протестот му беше врачен, и со тоа испратена порака: Македонија има свој глас, свој став и достоинство што никој не смее да го гази.

Изјавата на бугарскиот министер беше нешто повеќе од навреда. Таа откри еден длабок ментален склоп на политичката елита во Софија, која сè уште живее во илузија дека Македонија е некаков нивен културен или политички приврзок. Зборовите „северномакедонски премиер“ не се случајни тие се продолжение на нивниот проект за обезличување на македонскиот идентитет, јазик и државност. И тоа мора да престане.

Денес, повеќе од кога било, Македонија мора да покаже единство во одбраната на своето достоинство. Не заради суета, туку заради историска и иднината кон идните генерации. Премиерот Христијан Мицкоски со својата реакција, јасна, достоинствена, но и цврста покажа дека ние повеќе не сме држава на молчење и потклекнување. Ние сме држава што го знае своето место под сонцето, што се бори и што нема да дозволи да биде навредувана.

Од Софија, пак, се очекува извинување. Не заради Мицкоски, туку заради нормализирање на односите, заради обврските кои ги имаат и кон ЕУ и кон сопствениот народ.

Бугарија мора да разбере дека патот кон добрососедство не води преку навреди, туку преку почит.

И за крај ова не е дипломатски инцидент. Ова е тест за тоа колку новата македонска Влада е подготвена да го брани националното достоинство. Првичниот одговор беше позитивен. Но борбата за почит не завршува со едно соопштение. Таа продолжува со секој следен чекор. Македонија има со што да одговори со достоинство, со историја, со државност. А кога глувчето ќе реши да го задева лавот треба да знае дека лавот веќе не спие.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top