На прво место

ЗА ДА ПОСТОИ, НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МУ Е ПОТРЕБНА ВАШАТА ДОЗВОЛА

9803

9803

Европратеничката Ирена Јовева: „ЗА ДА ПОСТОИ, НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МУ Е ПОТРЕБНА ВАШАТА ДОЗВОЛА“

Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вејц, беше разгледан на пленарната седница на Европскиот парламент. Голем број европратеници учествуваа во дебатата, вклучувајќи го и Сами Вејц, како и неколку бугарски и грчки претставници.

Посебно внимание беше посветено на предизвикот на дискусијата за словенечката европратеничка Ирена Јовева, која зборуваше на македонски јазик. Таа им се обрати на бугарските европратеници со зборовите:

– За да постои, на македонскиот народ не му е потребна ваша дозвола, туку вам ви е потребна чесност, интегритет, храброст да го препознаете тоа– рече европратеничката Ирена Јовева.

Дискусијата се одржа во пресрет на гласањето за извештајот, за кој се дискутираше и за амандманите, вклучувајќи го и оној предложен од трите најголеми политички групи во Европскиот парламент. Амандманот предвиде целосно бришење на споменувањето на македонскиот јазик и идентитет во текстот на извештајот.

Инаку, Ирена Јовева има македонско потекло и припаѓа на партијата „Движење за слобода“, која е дел од пратеничката група „Обнова на Европа“, која претходно објави дека нема да гласа за бришење на македонскиот јазик и идентитет.

Словенечката европатеничка Ирена Јовева е најкоментираното име и презиме во средствата за информирање во изминатите период во Македонија, откако се појави на говорницата во Европскиот парламентот.

Со нејзиниот говор на македонски јазик директно им се обрати на бугарските колеги и им порача дека на македонскиот народ не му треба нивна дозвола. Таа им препорача дека за да го признаат тоа, им треба чесност и интегритет, алудирајќи на бугарските ставови за Македонија и членството во ЕУ.

Инаку, Ирена Јовева, е од Јесенице, живеам во Љубљана, а е родена на 26 февруари 1989 година во Крањ. Нејзините родители се преселија во Словенија од Република Македонија пред повеќе од една деценија пред таа да се роди во потрага по подобри услови за живот. Порасната е во типично работничко семејство кое ги негувало двете култури со еднаква ревност; словенечката и македонската, но во исто време знаејќи дека нивната, нејзината татковина, е Словенија, но не ја заборавиле Македонија

Ирена Јовева завршила средно економско училиште во Радовљица, а потоа продолжила на студии на Факултетот за општетсвени науки во Љубљана. Во 2017 година дипломирала на меѓународни односи и магистрирала по светски студии, каде главниот фокус бил пристапот на Европската унија кон македонското национално прашање.

Во портфолиото на Јовева е и нејзното искуство како новинар. Била дел од Словенечката агенција за печат, покривајќи вести кои ја вклучувале домашната политика и јавниот сектор. Во 2014 година ја добила наградата Watchdog од Словенечкото здружение на новинари како дебитант на годината. Од 2015 година до 2019 година, таа работела како новинарка во дневните вести „24УР“ на ПОП ТВ. Нејзиното известување се фокусирало на домашната политика, надворешните афери, европските теми, миграцијата, арбитражата и протестите низ Европа.

Во 2019 година Јовева влегува во светот на политиката, кога на 4 март 2019 година, Лист на Марјан Шарец (ЛМШ) објавил дека Јовева ќе го предводи билетот на листата на изборите за Европскиот парламент. Таа била избрана со втор најголем број преференцијални гласови (42.190 гласови) и станала пратеничка во Европскиот парламент.

Како пратеничка, таа е член на Комисијата за култура и образование (CULT/КУЛТ) и на Комисијата за вработување и социјални прашања (EMPL/ЕМПЛ). Дополнително, таа е заменик член во Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна (ENVI/ЕНВИ), каде што ја извршува и функцијата заменик-претседател во Поткомитетот за јавно здравје (SANT/САНТ) од март 2023 година. Исто така, била вклучена во Специјалниот комитет за покорување на ракот (BECA/БЕСА), кој подготвил европска стратегија против болеста рак.

Покрај комисиската работа, таа учествува и во делегации одговорни за меѓупарламентарните односи, како член на делегациите за Македонија, Палестина, Централна Азија, Африка, Карибите и Пацифичките земји.

Таа е исто така член и на Европските Парламентарни групи: Интергрупа за климатски промени, Биодиверзитет и одржлив развој, Европската парламентарна интергрупа за мориња, реки, острови и приморски места како и МЕП-ови против рак (MEPs Against Cancer).

Со настапот на говорницата во Европарламентот,  Ирена Јовева како европрате-ничката остави историски запис за вистината на вековните „македонски јазик“ и „македонска нација“, за што македонскиот народ и Република Македонија искрено и’ благодарат.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

To top