На прво место

Мицкоски: За нас нема простор за играње со националните чувства, а Филипче сака да се пазари со Бугарите

ick 2

ick 2

Нема веќе полтрони и снисходливи, срамни политичари што ја брукаа државата, што ја виткаа кичмата на едно кивање однадвор. И тоа пречи на некого. И тоа е сосема нормално и очекувано, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема Инфраструктурен бум – ги градиме темелите на промените во организација на ВМРО-ДПМНЕ која се одржува во Гевгелија.

Мицкоски се осврна на постапките, поточно кажувањата на претседателот на СДС, Венко Филипче.

„Филипче вика Бугари во Устав, зошто да не. А веднаш потоа и самиот признава, и самиот знае дека тоа не е единствениот услов, туку во игра е и јазикот, идентитетот културата. Тој свесно прифаќа да се прифатат бугарските барања и да се пазариме за наредната фаза, наредната црвена линија од која нема назад, идентитетот и јазикот. Е тука имаме голема разлика, нема попуштања и нема чекор назад, зошто веќе нема простор за играње со националните чувства“, кажа Мицкоски.

Мицкоски вели „јас отворено зборувам за овие работи, без ракавици, зошто работам чесно, затоа што нема како нив да прифаќам се што ќе сервираат на маса, само за да се прогледа низ прсти за некаков криминален тендер што беше традиција во претходната влада“.

„Затоа ослободен од тој багаж јас ќе говорам и за дволичноста на Европа, за двојните стандарди што ни ги наметнуваат, за предолгото чекање и намаленото трпение, но и за лажливата опозиција потоната во скандали, која не е никаква алтернатива, туку рецепт за пропаст на Македонија. Ова не значи да се откажеме од европската иднина, и од нашето партнерство со пријателите од Европа, но секако значи дека нашата најглавна задача да се сочуваме себе си, да  ја развиеме економијата и обезбедиме иднина за секој човек“, вели Мицкоски.

Мицкоски укажува дека Владата е на вистинската страна на историјата.

„Другите се на погрешната. А ако ја видите цената за која се продале од опозицијата – иако може таа ним да им изгледа како многу пари, ќе видите дека е евтина. Впрочем, какви што се и нивните лаги. Какви што се и триковите што ги користат, и плановите што ги договараат зад грб на народот. Но времето на лагата завршува. Доаѓа времето на Македонија“, заклучи Мицкоски.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top