На прво место

Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија

levkov copy

levkov copy

Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Безуспешна координирана операција за дискредитација спроведена од бугарските служби и нивните соработници во Македонија.

Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација против Република Македонија, против Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и лично против премиерот Мицкоски.

Оваа операција се спроведува со употреба на класични хибридни методи: ширење лажни информации, конструирани афери, фабрикувани документи, лични и семејни дискредитации, и злоупотреба на човечки трагедии и економски инсинуации.

Сите овие активности, кои се засилуваат по секој пораз на бугарската дипломатија во европските институции, се водат од мрежа на медиумски портали во Бугарија, зад кои стојат структури на бугарските служби и блиски кругови до националистичките партии. Во таа мрежа се вклучени портали како Tribune.bg, Lupa.bg, Epicenter.bg, Pogled.info, како и стотици т.н. „mushroom“ веб-страници кои секојдневно сериски продуцираат лажни вести.

Сомнежите за постоење на такви дезинформациски мрежи се веќе документирани и од меѓународни извори. Уште претходно, DFRLab (Digital Forensic Research Lab) разобличи мрежа од стотици координирани портали со потекло од Бугарија, кои се користат за ширење антизападни, а и антимакедонски наративи. Според нивниот извештај, тие функционираат преку субдомени и синхронизирани Facebook страници, со цел поддршка на агенди кои се косат со вредностите на демократијата, стабилноста и евроатлантскиот курс. Дел од овие содржини, за жал, ги преземаат и портали во Македонија блиски до СДС, а некои завршуваат и во традиционалните медиуми.

Оваа координирана операција нема идеолошка основа. Таа е мотивирана од реваншизам и од очајот на бугарската политика што веќе ги нема своите полтрони во Македонија.

Денес, кога Македонија има стабилна Влада и јасен став, станува јасно дека нема веќе бизниси, пасоши и тајни договори во замена за уставни промени и историски откажувања.

По осудата на бугарските позиции во Европскиот парламент, активирана е старата мрежа на дискредитација.

Очигледна е и улогата на СДС, која, наместо да се дистанцира од ваквите деструктивни операции, продолжува да учествува во нив со замислата дека ако ѝ наштети на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се врати на власт. Но вистината е една: со ваквите постапки, СДС ѝ нанесува директна штета на Македонија.

Се здружија сите домашни предавници, штом Бугарија доживеа тежок пораз во АФЕТ! Прво се појави Апасиев. Не им успеа! Па следуваше ново подбуцнување: Жерновски да биде полигонот преку кој ќе ја започнат новата тура на лаги против премиерот и Македонија. Но, нема да им успее. Македонскиот народ знае кој се бори за него, а кој тргува со туѓи агенди.

Тие што ја предадоа и ја продадоа државата, сега, со истиот тој ѓон од образ со кој не потпишаа и не понижија, се осмелуваат да зборуваат за пасоши, против оној кој денес со сите сили се обидува да го заштити она што тие го уништија.

Апелираме до јавноста, медиумите и институциите да ја сфатат сериозноста на оваа операција. Ова не е борба против една партија, ова е безуспешен напад врз македонскиот идентитет, врз суверенитетот и врз правото на самостојна надворешна политика.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top