На прво место

Зубовчани ја одбележаа селската слава „Света Марена“

111111

111111

Со силна вера, традиција и македонска песна, жителите на Зубовце ја одбележаа селската слава посветена на Света Великомаченица Огнена Марина – Марена, која со векови се почитува како заштитничка на домот и огништето.

5 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Празникот беше проследен со бројни гости – не само од соседните села, туку и од Гостивар, Тетово, Скопје,,, кои заедно со домаќините ја споделија радоста и духот на оваа длабоко вкоренета македонска традиција.

4 copy copy copy copy copy copy copy copy

6 copy copy copy

Одбележувањето започна вечерта на 29 јули, кога во дворот на црквата се виеше македонско оро до доцна во ноќта, а ехо од македонските песни ја исполнуваше целата долина.

Селото блескаше во боите на македонската традиција, весели деца и многу народ кои ја раскажуваа приказни за значењето на Света Марена низ генерациите.

Овој презник во минатото е поврзан со големи горештини и затоа има некои правила на кои населението од Зубовце внимава. На овој ден не се работи ниту дома ниту во поле затоа што се смета, ако се работи може да избие пожар и да се уништи годишната реколта.

Преданијата кажуваат дека на овој ден пред години наназад жетвата била во полн ек а зубовчани работеле во поле, им се запалиле копите со жито,и затоа овој ден е прогласен за неработен.

На самиот ден на празникот, по света Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Владиката на Тетовско-Гостиварската епархија, г. Јосиф, заедно со свештеници од Тетово и Гостивар, беше организирана заедничка трпеза. Сите верници се собраа околу скромното, но симболично посно гравче – како чин на благодарност, заедништво и вера.

27 copy

7 copy

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

И по завршувањето на трпезата, одбележувањето продолжи со македонска музика и оро – во духот на вековната македонска традиција која го чува идентитетот и сплотеноста на народот.

Света Марена се почитува како силен симбол меѓу Македонците не само во Зубовце, туку и во Туминец, Мала Преспа, каде што исто така се слави со достојна почит и љубов кон светителката.

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

10 copy

15 copy copy copy

31 copy

30

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top