На прво место

Времето „како до сега“ заврши

vmro3

1uv20 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила, почитувањето на законот и процедурите важи подеднакво за сите

Времето „како до сега“ заврши. И тоа не е само изрека, тоа веќе се покажува на дело со конкретни дела.

Почитувањето на законите и процедурите, не е исклучок, тоа е правило кое секој треба да го почитува, а оној кој работи спротивно на закон се соочува со одговорноста и со правдата.

Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила, блиски до некоја политичка партија. Нема ни предмети во фиока и заташкувања на случаи, одговорноста сега има име и презиме и работењето спротивно на закон, процедури и принципи се казнува.

Еден од таквите примери е, сега веќе бившиот, началник од Демир Хисар кој експресно беше разрешен од позицијата по неговото недолично однесување кон друго лице, при извршувањето на работните активности.

Освен што го разреши, Министерството за внатрешни работи го осуди непрофесионалното и неетичко постапување и против него покрена и дисциплинска постапка.

Ова е јасен доказ нека не сме сите исти, дека нашиот пристап е чесен, без отстапки и дека времето како до сега заврши.

Треба да потсетиме дека ваков пристап на неселективност и санкционирање на самоволието и кршењето на законот, во времето Заев, Спасовски и Ахмети, немаше.

Во нивно време се процесуираа и апсеа само политички неистомисленици, додека криминалците, силеџиите и локалните шерифи од нивните редови имаа целосна заштита.

Службите на Заев и Спасовски покажуваа сила и мускули, единствено кон политичари од спротивниот табор на СДС и ДУИ, така што ги апсеа во раните утрински часови пред очите на нивните малолетните деца, се влегуваше по домови без судска дозвола и се вршеше политички терор врз семејствата на притворените.

Класичниот прогон и терор кој СДС го применуваше врз неистомислениците може да се види од примерот на Гордана Јанкуловска каде мајка одвоија од бебе доенче, а во мерцедесот, за кој ја осудија, Заев се возеше и чекаше делегации.

Секогаш кога сакаше да ја дефокусира јавноста и да избега од вистинските проблеми, режимот на СДС го апсеше Миле Јанакиевски и тоа десетици пати, на кого во рани утрински часови, пред очите на малолетните децата му упаѓаше дома. Од покажувањето мускули кон лица од спротивен политички табор не беше поштеден ниту Спиро Ристовски, кој беше тепан во затвор и врз кого се изживуваа и останатите затвореници.

Тоа беа времињата на омраза, политички прогон и злоупотреба на институциите под палката на Заев, Спасовски, Ахмети кон секој кој не беше СДС или ДУИ.

А, тоа време заврши  затоа што сега, согласно закон и процедура секој кој  ќе се огреши, без разлика на позицијата која ја извршува, ќе одговара.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top