На прво место

Во секое ќоше детенце, на средина десетина – АМИН!

1Manojil

1Mane 4

Мане Јаковлески

Куќниот мој и на моето семејство пријател, покоен владика Кирил-Бог да го прости и да почива во рајот небески, благословуваше: Во секое ќоше детенце, на средина десетина–АМИН!

Оваа мисла не е само духовен благослов, туку порака со длабока национална сила, дека народ без деца е народ без иднина.

Кога ќе се запрашаме што е најголемото богатство во животот, одговорот е: во детската смеа што одекнува низ дворовите од внуците и правнуците што ни го продолжуваат животот. Децата се нашето најголемо богатство, а внуците и правнуците нашиот вечен благослов.

Погледнете во македонската историја, кој ја чувал низ вековите? Токму семејствата со многу деца. Секој дом бил полн со деца, секое огниште било училиште на љубов кон татковината. Мајките раѓале и растеле јунаци, татковците со пример им ја всадувале честа и достоинството. Без тие бројни семејства немаше да има ниту илинденци, ниту партизани, ниту борци што Ни го оставија АМАНЕТОТ за Македонија.

Нашите баби и дедовци, нашите татковци и мајки кога ќе се родеше нов член во семејството ни велеа: „Штркот ти донесе уште едно братче или сестичка.“

Да го повикаме и денес штркот да ни носи повеќе вакви поклони, нови животи, нови надежи, нови јунаци што ќе не’ чуваат сите Нас и нашата татковина-Македонија.

Mane Jakovleski 1

Животот е краток, да размислуваме за тоа дека еден ден, кога годините ќе си го направат своето, покрај нас да имаме деца, снаи, внуци и правнуци, тие што ќе ни подадат чаша вода, тие што ќе се грижат за нас и за нашето здравје и ќе ни ја возвратат љубовта што кога беа мали им ја подаривме. Тоа е вистинската смисла на семејството и на човечкиот живот.

Затоа денес, повеќе од кога било, потребно е да се потсетиме: не е доволно само да зборуваме за Македонија, мораме да ја продолжуваме преку нашите деца и внуци. Повеќедетното семејство не е само лична одлука, тоа е национален завет.

Децата се нашата најголема инвестиција и гордост, наша најсвета обврска и вечен завет што мораме да го чуваме со сите сили. Затоа, потребни ни се повеќедетни семејства, за наша радост денес, за нашата сигурност утре.

Ова нека биде АПЕЛ до младите брачни парови, нека не ве плаши жртвата, затоа што секое ново дете е нова светлина, секој нов живот е нова сила за семејството. Денес можеби изгледа тешко, но утре вашите деца ќе бидат тие што ќе бидат покрај Вас. Без деца нема иднина, а без иднина нема ниту држава МАКЕДОНИЈА.

Ако немаме Повеќедетни семејства, еден ден Македонија ќе ја населуваат други луѓе со различни култури и вредности, со кои нема да можеме ниту да се разбереме, ниту да се спријателиме.

Тоа Библијска Македонија не го заслужува!

ДА ГО ПОВИКУВАМЕ ШТРКОТ  ДА ДОНЕСЕ ПОВЕЌЕ БРАТЧИЊА И СЕСТРИЧИЊА ВО МАКЕДОНИЈА.

АМИН!

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top