На прво место

СЕ ОДРЖА СЕДМИОТ БАЛКАНСКИ ПОЕТСКИ КАМП ЗА МЛАДИ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“

121

121

Овогодишниот седми по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“ се одржа во Охрид, Лескоец, Лерин, Глобочани, Пустец и Црвена Вода под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа“.

Учесници беа млади поети од  Србија, Турција, Албанија, Грција и Македонија, кои во рамките на воспоставената традиционална соработка, имаа можност да ги следат манифестациите на Струшките вечери на поезијата и да се сретнат со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска – Дафкова. Исто така, тие заедно положија цвеќе на вечното почивалиште на Ванчо Николески во Охрид, a во селото Црвена Вода ги посетија родната куќа на Ванчо Николески и Спомен-собата во училишната зграда.

Инаку, во организација на Друштвото за култура и литература “Мацково”, од Охрид, на чело со Веле Митановски, на 22 август напладне, во ЦОУ “Ванчо Николески”, во Лескоец, Охрид, започна традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески”.

Професорите и учениците, по традиција, подготвија културно – уметничка програма за своите драги гости, годинешните учесници од Србија, Турција, Албанија, Грција и Македонија, на кои им пеа дадени книги и речниците “Ајде да учиме македонски, англиски и француски“, “Ајде да учиме македонски, англиски и германски“ и “Ајде да учиме македонски, англиски и турски“ од авторот на овие едови, Славе Катин. Потоа, заедно, во Алејата на заслужните на “Градските гробишта” во Охрид,  положија цвеќе на вечното почивалиште на Ванчо Николески.

Во продолжение на манифестацијата, традиционалниот прием во општината Охрид, инаку, финансиски покровител и поддржувач на манифестацијата, им го приреди претседателот на Советот на општинста, професор Стевчо Божиноски.

Потоа, Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“  од Охрид и од родното место на Николески, Црвена Вода, се пресели во Лерин, Егејска Македонија, каде гостите беа топло пречекани од македонските активисти, познати личности и борци за човекови права на Македонците од Беломорска Македонија: Крсте Ашлаков (Ставрос Анастасиадис), Пеце Димчев (Петрос Димтсис) и Павле (Павлос Васкопулос Филипов), кои ги запознаа гостите од Србија, Турција, Албанија и Македонија со положбата и иднината на Македонците во Грција.

Потоа, патувањето го продолжија кон с. Глобочани Р. Албанија во спомен музејот посветен на албанскииот писател, со македонско потекло, Стеријо Спасе, познат литературен деец од Албанија, со македонско етничко потекло, каде што беа пречекани од познатиот борец за македонските права во Албанија, Васил Стерјовски. Исто така учесниците беа гости и на своите врсници од училиштето во Пустец.

Последниот ден на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“ учесниците беа гости на мештаните од Црвена Вода, каде им се приреди закуска со селски специјалитети, потоа ја разгледаа “Спомен собата” на Ванчо Николески, а пред неговата родна куќа им се доделија Повелбите за учеството.

Годинава, гости на манифестацијата беа Македонци кои живеат во Австралија, а кои, исто така, го слават името и делото на Ванчо Николески, предводени од познатиот македонски активист, Наум Трајчески, поет и претседател на Македонското Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан.

122

Претседателката Дафкова со дел од учесниците

Во Австралија се собират љубители на македонскиот пишан збор, се игра  орото со КУД ” Разиграна Македонка” и се рецитира поезија создадена од Ванчо Николески.  Пример за тоа како треба да се сака и почитува Македонија, македнскиот јазик, културата и традицијата во иселеништвото. Тоа го прават со основоположникот на литературата за деца и млади Ванчо Николески, авторот на првата збирка песни за деца на македонски јазик, во 1946 година, „Македонче“, како и на други бројни дела, меѓу кои, романите “Волшебното самарче” и “Гоце Делчев”, кои се дел од образовниот процес на Република Македонија.

Светлината на оваа манифестацие е што насекаде се  рецитираат, се читаат и учат песни на македонски јазик. Така, на манифестациите, покрај децата, биле присутни и првите луѓе на Македонските асоцијации од Бугарија, Грција и Албанија, потоа македонисти  кои работат за македонското дело и други видни личности. Посебно треба да се нагласи дека мисијата на Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”,  е да се отстранат притисоците врз Македонците во соседните земји, Грција, Бугарија и Албанија.

Инаку, една од мисиите на манифестациите на Друштвото за култура и литература “Мацково”, е преку поезијата на Ванчо Николески, да бидат прегрнати четирите дела на етничка Македпонија. Во таа смисла, овогодишната манифестацоја, беше организирана и се одржа под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа”.

Затоа светлината на оваа манифестација е што насекаде се  рецитираат, се читаат и учат песни на македонски јазик. Така, на манифестациите, покрај децата, биле присутни и првите луѓе на Македонските асоцијации од Бугарија, Грција и Албанија, потоа македонисти  кои работат за македонското дело и други видни личности. Притоа, треба да се нагласи дека мисијата на Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”,  е да се отстранат притисоците врз Македонците во соседните земји, Грција, Бугарија и Албанија.

Така познатиот Македонец од Мала Преспа Васил Стерјовски кој е и претседател на Македонската партија во Албанија, го напиша следното:

„Ние сме континуирано под притисок најмногу последните години од 2017 година, од кога се произнесе бугарско малцинство кое не постои и од тогаш тој притисок е поинтензивен најмногу во овие последни 2 -3 години. Сега Бугарија ја легитимира својата политика, успеа на пописот во Албанија да извади Бугари и да настапи уште пожестоко за да ги асимилира Македонците во Албанија“, вели Васил Стерјовски.

Тоа е факт дека Македонците што живеат во соседните земји не потклекнуваат на притисоците, напротив тие сакаат да ги негуваат македонскиот јазик, култура и традиции, што го порачаа присутните на Балкански поетски камп „Ванчо Николески“. За нив поезијата на оваа манифестација симболично ги спојува Егејот, Пиринот, Вардарот и Мала Преспа.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Петрушевски: Сакаме компромис за ЕУ кој ќе ни донесе предвидлив пат

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата, пред 81. Генерално собрание на ОН во Њујорк, кое беше пренесено во програмата на телевизијата. „Се потврди нашата геополитичка ориентација, стратешкото партнерство со НАТО, САД и ЕУ. Во делот на евроинтегративниот процес на Македонија, ние […]

Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила

Премиерот Христијан Мицкоски од говорницата на Обединетите нации порача дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска и дека малите држави не можат да бидат повикувани да ги почитуваат правилата доколку тие правила не им обезбедуваат предвидливост, еднакви критериуми и почитување на преземените обврски. Македонија, рече тој, останува на европскиот пат, но не бара пониски стандарди – бара стандардите да останат стандарди.

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Вечерва во Охрид: „Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Вечерва, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Патување кон корените“. Ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски. На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мане Јаковлески и други членови на Управниот одбор […]

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

To top