На прво место

Ацо Тошта: Честит големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица

172373017

172373017

Овој свет ден е ден на надеж, вера и сплотеност. Ден кога сите се навраќаме кон духовноста и се потсетуваме дека само со молитва, пожртвуваност и вера можеме да ја издржиме секоја мака и неправда. Но денес, покрај празничната радост, во срцата на многу македонски семејства има и болка. Болка која девет години трае и не престанува.

Ние, уставобранителите, од 27 април невини лежиме девета година во македонските затвори – не за злосторства, не за тероризам, не за убиства, туку затоа што го браневме Уставот на Македонија.

Ние не сме терористи, ние не сме убијци. Ние сме луѓе кои веруваа дека Македонија мора да се брани. И само заради тоа веќе девет години лежиме зад решетки.

Ние не бараме милостина, бараме правда. Бараме институциите да најдат начин како понатаму ќе се регулира нашиот статус. Но најпрво, неправдата мора да заврши: ДА БИДЕМЕ ОСЛОБОДЕНИ, НЕ ПОМИЛУВАНИ!

Нашите семејства се растурени, деца растат без родители. Јас, Ацо Тошта, имам дете кое денес е во дом без родители во Штип.

Колку мајки и татковци на уставобранители секој ден ги бришат солзите за своите најмили. Колку животи се уништени, колку иднини загубени, само затоа што Антимакедонската Влада на СДС на чело со предавникот Зоран Заев сакаше од патриотизам да направи злосторство и да ја распродаде нашата Македонија.

Затоа денес, на овој голем христијански празник, кога се молиме кон Пресвета Богородица за здравје, мир и спасение, повторно го упатуваме апелот: Да се врати правдата во Македонија, да се вратиме во нашите домови и да живееме заедно со своите најмили.

Пресвета Богородица денес нека нè закрили и нека ни даде сила!

Нека ни е честит и вековит празникот Успение на Пресвета Богородица!

АМИН!

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top