На прво место

ДУИ остави бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ подготвени да го иаполнат секое барање само за да останат во Владата

1uv24
1uv24
Да го потсетиме Бујар Османи дека првенците на ДУИ доставија бел лист хартија до ВМРО-ДПМНЕ на барања кои ќе ги исполнат само за да останат во Владата
На Бујар Османи или не му кажале, или не сака да се сети на времето кога преговарачкиот тим на ДУИ остави бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ подготвени да го иаполнат секое барање само за да останат во Владата која беше поразена на избори.
Тогаш така храбро не звучеа и не се однесуваа првенците на ДУИ кои сега силно се удираат во гради. А Бујар Османи може да глуми принципиелност, но вистината е очигледна: врвот на ДУИ е претворен во милионерска елита, додека народот живее во сиромаштија. Затоа денес ДУИ ветува функции и влез во владата на своите разочарани членови, надевајќи се дека ќе ја сокријат сопствената корупција и криминални зделки.
Да потсетиме, и Македонците избираа партија со мнозинство, но ДУИ тоа никогаш не го почитуваше. Наместо почит кон народната волја, тие секогаш бараа спас кај СДС, со кои се најдоа во заедничкиот именител, криминалот и корупцијата.
Кога Бујар Османи зборува за „аморфна маса“, токму тука е суштината на проблемот. ДУИ цели 20 години ја третираше албанската заедница како аморфна маса – како гласачка машинерија за нивните бизниси и криминални зделки.
Денес зборуваат за „правила“ и „победник со победник“, но тоа не е демократија, туку племенска математика измислена за да останат во фотелји. Во унитарна парламентарна демократија владее волјата на граѓаните, а таа јасно кажува – со криминалци влада нема да има!
ДУИ прво ќе мора да се исчисти од криминалците, да се соочи со одговорност и да се реформира, па дури потоа да размислува за политичка иднина. Единствено СДС со ова раководство, уценето и потопено во заеднички афери, сè уште мисли на коалиција со нив.
Коалицијата на СДС и ДУИ ќе биде поразена на овие избори од коалицијата што ја предводи владата, затоа што граѓаните веќе ја препознаа разликата меѓу криминалната дружба која две децении ја пустошеше државата и новата власт која работи чесно, транспарентно и во интерес на народот. 
ВМРО-ДПМНЕ и владината коалиција ќе ја добијат довербата бидејќи ја враќаат надежта, ја градат државата на темели на одговорност и резултати, и покажуваат дека Македонија може да оди напред без СДС и ДУИ.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top