На прво место

Пет години безбедносните служби го прислушкувале Мицкоски

verfassungsschutz-beobachtung-illustration-100-1920x1080

verfassungsschutz-beobachtung-illustration-100-1920x1080

Пет години безбедносните служби го прислушкувале Мицкоски, наместо за безбедноста на државата работеле да се одржат на власт Заев и Филипче

СДС не бирале средства и методи за да остане на власт колку што можат подолго. Злоупотребувале институции, државни средства и цел безбедносно разузнавачки апарат.

Со цел одржување на власт СДС ги ставиле во партиска функција за политички цели безбедносните служби да следат и прислушкуваат политички противници, бизнисмени, новинари и јавни личности.

Како тогаш најголема опозициска партија, СДС со помош на нивните кадри поставени во агенциите за разузнавање и за безбедност, пет години го следеле и прислушкувале претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тоа го правеле со единствена цел политичка елиминација на Мицкоски, како единствен којшто може да им се спротивстави и да ги победи на избори, нешто што и се случи и покрај недемократските, да не речеме тоталитарни, мерки.

Со следењата и прислушкувањата сакале да го запрат нивниот пад од власт и да го придушат и замолчат секој слободен и кон нив критичен глас на новинарите и јавните личности, како и да уценуваат стопанственици.

Во периодот од 2019 до 2024 година, СДС владееле со злоупотреба на службите како да се партиска алатка за останување на власт.

Трагично е да се гледаат СДС, кои од уста не ја вадеа демократијата, како ги злоупотребувале службите и со најнедемократските методи ги ограничувале правата на слободно движење и изразување на граѓаните загарантирани со Устав и закон.

Цели пет години, службите биле користени за да се одржат на власт Зоран Заев и Венко Филипче и кликата околу нив, наместо за безбедноста на државата и граѓаните.

Уште потрагично е тоа што за сето ова, асистенција им правел сегашниот главен обвинител Коцевски, кој бил одговорен за следење на издавањето на ПИ мерките, кој е главната алка во синџирот на СДС за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени.

Тоа е истиот тој Коцевски кого СДС толку силно го бранеа во Собрание за време на гласањето на интерпелацијата против него, а веќе се гледа зошто го бранеа и не гласаа за негово разрешување.

Бараме и очекуваме ЈО да се надмине себеси и за овој скандал од невидени размери да отвори сеопфатна истрага која ќе ги опфати сите кои ги злоупотребиле институциите и ќе ги извади пред лицето на правдата.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top