На прво место

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ја предводи најголемата коалиција досега

Hristijan4

                         Hristijan4

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ја предводи најголемата коалиција досега – Овие избори се околу тоа секој човек да го направи вистинскиот избор за своето место

Денес ја формализираме коалицијата Твоја Македонија која заеднички ќе настапи на овие локални избори. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е убедливо најголемата коалиција која е составена од XXV партии кои се од различен карактер и во голема мера го претставуваат колоритот во македонското општество, различни структури и припадности што само потрдува дека се обединуваме околу заедничка платформа што подразбира обезбедување на иднина и напредок.

Овие локални избори се важни за нас и иднината на државата поради најмалку две причини. Првата е што локалните самоуправи директно се надлежни да ги решаваат проблемите на граѓаните и не е сеедно каков градоначалник ќе се избере. А ние во изминатиов период покажавме и докажавме дека умееме да ги водиме општините без ниту еден скандал и со многу работа, дополнително што во наредните 4 години сите општини ќе ја имаат и поддршката од централната власт, нешто што и го докажавме и покажавме во претходната година иполовина.

Втората причина е што овие избори се околу тоа секој човек во државата да го направи вистинскиот избор за твоето место, твојата општина да се избере твојот човек кој ќе се бори за секој еден човек во општеството. Тој човек мора да ги брани интересите на граѓаните и да решава проблеми. Затоа ќе излеземе со понуда и со луѓе кои ќе бидат гласот на народот во администрацијата и општините ќе работат за граѓаните.

Уверени сме дека силата на државата не се мери само преку нејзините институции на централно ниво, туку преку секојдневниот живот во градовите и селата, во општините каде што граѓаните ги остваруваат своите права и ги живеат своите соништа.

Решени сме да изградиме општини кои ќе бидат пример за демократско управување, економска ефикасност, културна афирмација и меѓусебна почит.

Затоа и денес убедени сме дека визијата за „Твоја Македонија“ е визија за силни граѓани, силни општини и силна држава. Лидерите на политичките партии од Коалицијата „Твоја Македонија“, усвоивме и ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА НА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ОПШТИНИ ШТО СОЗДАВААТ ИДНИНА.

Верувајќи дека инфраструктурата е основа за развојот на секоја заедница, ние се обврзуваме да вложиме во изградба и реконструкција на патишта, мостови, водоводи, канализациони системи, училишта, спортски сали и културни домови.

Ќе поттикнуваме политики кои ќе создадат нови работни места и ќе го зајакнат чувството на економска сигурност во секоја општина.

Ќе се залагаме за подобрување на примарната здравствена заштита преку модернизација на амбуланти, подобра опрема на здравствените домови и олеснет пристап до лекарски услуги, посебно фокус ќе имаат  руралните средини.

Образованието ќе биде клучен инструмент за изградба на генерации кои ќе ја носат Македонија напред со знаење, вредности и одговорност.

Младите се најголемиот капитал на нашата земја, ќе креираме политики што ќе им овозможат квалитетно образование, можности за спорт и култура и пристојни услови за вработување. Ќе создадеме амбиент за нивен останок во своите општини, за да ја градат својата иднина овде, дома, во својата татковина Македонија.

Верувајќи дека животната средина е наследство за идните генерации, ќе се бориме за чист воздух, управување со отпадот, користење на обновливи извори на енергија и заштита на природата. Ќе ги втемелиме зелените политики во секоја општина, за здравје и поквалитетен живот на граѓаните.

Со верба во својата држава и во својот народ, со љубов кон местото каде што живееме и со доверба во заедничката иднина, ние ја потврдуваме нашата решеност да изградиме Македонија како просперитетна, праведна и модерна држава. Држава во која секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и сигурен, во која општините ќе бидат двигатели на развојот, а целата заедница ќе живее во склад, достоинство и надеж. Нашата мисија е генерациите што доаѓаат да ја наследат Македонија посилна, побогата и постабилна од тоа што ние го затекнавме: Македонија која е дом и иднина за сите нејзини граѓани.

Заедно ќе го направиме вистинскиот избор за доброто на сите граѓани. Ова се избори за тоа каква иднина ќе имаме.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top