На прво место

Душан Стојановиќ, светски признат инвеститор и „бизнис ангел“ чиј корен длабоко е врежан во с. Зубовце-Гостиварско

9 copy

9 copy

Зубовце имаше чест и гордост да пречека еден од своите најуспешни потомци – Душан Стојановиќ, светски признат инвеститор и „бизнис ангел“ кој со својот животен пат и дела е инспирација за новите генерации. Човек прогласен за Европски бизнис ангел на годината, визионер кој живее и работи во Сингапур, но чиј корен длабоко е врежан во с. Зубове-Гостиварско.

Посетата на Македонија ја прифати под еден единствен услов, да му ги најдат неговите корени во Зубовце. Желбата му се исполни, повторно ги здогледа патеките по кои чекореле неговите баба и дедо, Добрица и Манојло. По четири децении повторно го почувствува духот на селото и топлината на своите луѓе.

Зубовчани го дочекаа со отворени срца. Му ги отворија храмовите, му ги покажаа убавините и предизвиците, а трпезата ја наполнија со традиционални Зубовски јадења. На подарок му подарија книги за историјата на селото, спомен кој ќе го потсетува на неговите корени.

Со особена возбуда ја доживеа средбата со своите роднини, моменти кои му помогнаа да ја разбере силата на сопствените корени. „Подобро го сфатив моето потекло,“ вели Душан, потсетувајќи се на единствената фотографија од неговата детска посета пред 40 години.

За иднината на Зубовце тој зборува со визија: агротуризам, развој преку вештачка интелигенција и создавање силна заедница. „Она што недостасува се младите луѓе. Тие треба да ја преземат одговорноста и да го продолжат развојот на селото и регионот. Потенцијал има, само треба да се организира и да се вложува во иднината,“ вели тој.

Заедно со својот соработник Илија Вучков роден во Валандово, а неговите корени се од Егејска Македонија, со Душан работи на проектот „Smart Start Village“, иновативна идеја за развој на руралниот туризам.

Зубовце ќе биде почетната точка на туристичка рута која ќе ги поврзе Маврово, Галичник, Вевчани, Охрид и Елшани. „Ако Никола Тесла успеал на Балканот, тогаш и човек од Зубовце може да успее, со визија и едукација,“ порача Душан.

Визионерот кој своите соништа ги остварува на светска сцена, во Зубовце се врати со порака: иднината е можна ако се сака, ако се работи и ако се вложува во луѓето и во своите корени.

Кога нешто сака да се случи, тоа овој пат се случи во Зубовце. 

Во Зубовце, за време на ручекот, Душан доби повик од стар пријател кого исто така не го видел 40 години – со кого  комуницирал само на интернет, Македонец иселеник од Кичево што живее во Канада со уште двајца негови бизнис колеги од Шведска.

Пријателот слетал во Скопје и бил на пат кон Кичево и Охрид, а сакал да го изненади Душан дека е во Македонија. 

Радоста беше огромна, а уште поголемо беше воодушевувањето кога сфатија дека и Душан е во Македонија. Тој веднаш ги покани сите да се придружат на заедничката трпеза во Зубовце.

2 copy copy

3 copy copy copy

6 copy copy copy

7 copy

8 copy

9 copy copy

10 copy

12

13

14

15

Душан и Македонецот иселеник од Кичево што живее во Канада со уште двајца негови бизнис колеги од Шведска.

16

18 copy

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top