На прво место

Македонија со ВМРО-ДПМНЕ се гради, модернизира и трансформира

90

90

Викторија Андоновска

Македонија со ВМРО-ДПМНЕ започна инфраструктурно да се развива, модернизира и трансформира, изјави Викторија Андоновска, потенцирајќи дека инвестициите во патната инфраструктура се врвен приоритет на партијата.

Андоновска нагласи дека проектите веќе не остануваат само на хартија, туку се реализираат на терен. Како доказ за тоа, таа го посочи пуштањето во употреба на експресниот пат Страцин–Крива Паланка со должина од 25,5 километри и вредност од околу 100 милиони евра.

Во јуни беше пуштена во употреба делницата Фариш–Дреново, со што целосно се комплетира делницата Градско–Фариш и се доби целина од 26 километри експресен пат на Коридорот 10д.

По речиси една деценија застој, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пушти во употреба и две делници од автопатот Кичево–Охрид: Врбјани–Ботун (20 километри) и Климештани–Охрид (17 километри). „Во рок од само два месеци пуштивме за сообраќај повеќе од половина од целиот автопат, а до крајот на наредната година ќе биде завршен во целост,“ истакна Андоновска.

Паралелно, се работи на изградбата на делницата Тетово–Гостивар–Букојчани (48 км) како дел од Коридорот 8, како и на автопатот Прилеп–Битола (39,3 км) во рамки на Коридорот 10д. Овие проекти, според Андоновска, се од витално значење за трговијата, безбедноста и идниот развој на државата.

„За реализација на вакви капитални проекти потребни се визија, ангажираност, професионалност и истрајност. Македонија се гради чекор по чекор, делница по делница, проект по проект. Со ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе стане лидер во инфраструктурата во регионот.

Продолжуваме заедно за модерна, поврзана и напредна држава,“ порача Андоновска.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top