На прво место

Мицкоски: Орце Ѓорѓиевски е вистинскиот избор за Скопје

1111111111

1111111111

На Скопје му треба човек што го разбира градот, ќе работи и ќе го развива во модерна метропола, Орце Ѓорѓиевски е вистинскиот избор

Секој од нас ја носи својата приказна поврзана со Скопје, улиците, маалата, радостите и тагите. Градот е нашата историја, болка, но и соништа. Денес, за жал, Скопје е истоштено, заглавено во хаос, нефункционалност и политиканство. Тоа мора да запре.

Прво и најважно градот мора да биде чист и уреден. Да се реши јавниот превоз, да се изградат нови мостови и клучки, да се врати зеленилото, парковите и културниот живот. Скопје отсекогаш било град на културата и динамичниот живот, и мора повторно да го добие тоа лице.

Мора да има одговорност за упропастениот град и нефункционалните институции. Само така ќе почне вистинскиот развој. Затоа потребни се чесни и посветени луѓе.

Градоначалник не е само титула, на Скопје му треба човек.

1111111111111

Орце Ѓорѓиевски покажа како се работи во Кисела Вода со чесност, карактер и резултати. Тој е вистинскиот избор за Скопје, избор за твојата улица, твоето семејство, твојата иднина.

На овие избори ќе настапиме и со силна советничка листа на чесни и напредни луѓе, предводена од проф. Даме Димитровски. Ќе воведеме отчетност, јавни извештаи на секои три месеци. Одговорноста пред граѓаните е обврска, не опција.

Македонија мора да оди напред со силни тимови и соработка меѓу локалната самоуправа и Владата. Време е за одговорни и работливи луѓе.

Да сте живи и здрави, и Бог да ја благослови Македонија!

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top