На прво место

Народот не им верува на кандидатите за градоначалници предложени од СДС!

554708261 792673739815121 106088884221482532 n

                     554708261 792673739815121 106088884221482532 n

Во текот на предизборниот период, вниманието на јавноста е насочено кон тоа какви проекти и планови нудат кандидатите за градоначалници од најголемите политички партии.

Иако дел од кандидатите се трудат да презентираат визија за локален развој, јавноста ја изразува својата недоверба  кон кандидатите за градоначалници од редовите на СДС, заради лоши искуствата од нереализирање на ветувањата од градоначалниците и владата на СДС во минатото.

Овој став најчесто е поврзан со лоштото искуство за периодот на владеење на СДС, кога лидерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче даваа низа ветувања во областа на инфраструктурата, здравството и економскиот развој,… многу граѓани сметаат дека ветувањата останаа неисполнети, што доведе до опаѓање на довербата кон партијата и нејзините претставници.

Македонскиот човек одамна научи да препознава кој работи искрено, а кој се крие зад зборови и лажни ветувања.

Локалната самоуправа е местото каде државата ја допира секојдневната реалност на граѓаните. Таму нема простор за лажни и празни ветувања, туку само за работа. Тие што искрено ја чувствуваат Македонија како свој дом, ќе знаат дека секоја улица, секое училиште, секој проект е дел од нејзиното достоинство.

Тоа е патот по кој треба да се движи секој што искрено ја сака Македонија, не со зборови, туку со резултати. Македонија заслужува чесни и посветени луѓе за градоначалници кои ќе работат тивко, но со срце. Кои нема да се кријат зад партиски пароли, туку ќе излезат пред народот со чист образ и чисти раце, а тоа што го ветуваат ќе го реализираат.

Нашата татковина има сила, има достоинство и има народ што знае да сака и да простува, но не заборава. Таа бара луѓе што ќе служат со љубов, што ќе ја чувствуваат Македонија како свој дом, а не како личен интерес.

Затоа денес, повеќе од кога било, е време да се врати духот на чесноста, посветеноста и одговорноста. Време е да се покаже дека вистинската политика не се мери со број на слогани, туку со број на ветени и реализирани дела. Зашто вистинската љубов кон татковината не се зборува, се покажува секој ден, во секоја одлука, во секој чекор направен за доброто на народот.

Македонија заслужува градоначалници што ветуваат а ветеното го ипсолнуваат. Македонија заслужува лидери што служат, а не владеат.

Изминатите 15 месеци Владата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ понуди план и визија како да ја развива Македонија. На 19 октомври наша е одлуката, или ќе избереме опција во која што се враќаме назад, опција која Венко, Димче и Ахмети ќе не вратат назад во минатото, или ВМРО-ДПМНЕ која има јасна визија план како да се бори за секое едно семејство, за секој млад човек.

Затоа е важно на 19 октомври да излеземе масовно, да го заокружиме Бр.9 за да победи Македонија.

На 19 октомври да гласаме за Бр.9 за јасен план и јасна визија за напредок на Македонија.

На 19 октомври да гласаме за иднината на нашата заедничка Македонија!

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top