На прво место

Венко Филипче во Радовиш призна: Не сме исти!

vmro-sdsm-960x504-696x365

vmro-sdsm-960x504-696x365

Во право е Венко Филипче кога: вели несме исти. Кога владееше СДС имаше хаос, задкулисни договори и разочарани граѓани. Затоа е важно да се каже, да Венко во право си, не сме исти, и никогаш нема да бидеме исти.

Тие денес зборуваат за институции, а институциите им беа партиски штабови. Говорат за дијалог, а договараа со нашите соседи зад затворени врати. Ветуваа сигурност, а донесоа економска беда, иселување и страв.

СДС ја претвори државата во лабораторија на политички експерименти, без визија, без одговорност, без чувство за народ.

Променија име, идентитет, историја. Под изговор на реформи и влез во ЕУ, го урнаа достоинството на државата.

Во нивно време, парите на граѓаните завршуваа во џебовите на партиски фирми и олигарси блиски до врвот на СДС. Корупцијата стана норма, а не исклучок. Народот молчеше, затоа што кога ќе проговореа, ги заплашуваа и ги омаловажуваа и ги судеа.

Кога владее ВМРО-ДПМНЕ, има ред, работа и резултати.

Кога владее ВМРО-ДПМНЕ, се градат патишта, училишта, болници, фабрики. Тогаш пензиите растат, платите растат, државата се движи напред. Има проекти, има визија, има сигурност. И што е најважно, се има чувство дека Македонија е држава, која се грижи за својот народ.

ВМРО-ДПМНЕ не бега од проблемите, ги решава. Не се плаши од одговорност, ја презема.

ВМРО-ДПМНЕ не се крие зад изговори за „европски процеси“ или „тешки одлуки“, туку стои исправена, со главата горе, со љубов кон Македонија.

Разликата е во делата, не во зборовите.

СДС зборува за „соработка“, а зад грб правеше пактови со оние што ја уценуваа државата.

СДС зборуваа за „граѓани“, а владеше со партиски списоци и притисоци.

СДС зборуваа за „иднина“, а создаваа генерации што ја гледаат својата иднина надвор од Македонија.

Од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, партијата на чест и одговорност. Партијата што не ветува за да преживее, туку работи за Македонија да живее.

И во право е Венко Филипче: Не сме исти! Не сме исти, затоа што ние работиме и ја сакаме Македонија.

Кога СДС владеше, државата тонеше.

Кога ВМРО-ДПМНЕ владее, државата се исправува. И затоа денес, повеќе од кога било, народот знае кому може да му ја довери иднината. На оние што само ветуваат, или на оние што реализираат.

На оние што се кријат зад празни фрази, или на оние што работат со срце и со визија.

И затоа што Венко Филипче призна дека, не сме исти, Македонија има избор.

И тој избор се вика ВМРО-ДПМНЕ, за чесна, силна и горда држава.

1uv12

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top