На прво место

На 19 октомври на локалните избори, СДС и Филипче од граѓаните ќе добијат ЧИСТА НУЛА!

vmro-venko-filipche-1068x639

vmro-venko-filipche-1068x639

Кога Венко Филипче вели дека резултатот на ВМРО-ДПМНЕ бил „чиста нула“, тоа е најдобриот доказ дека човекот изгубил контакт со реалноста, тоа е обид за бегство од вистината.

Народот не е слеп, народот гледа, знае и памети кој гради, а кој заслужил чиста нула.

За само 15 месеци централна власт и 4 години локална власт, ВМРО-ДПМНЕ направи повеќе отколку СДС за цели 7 години власт и многу повеќе, дури нема ниту споредба!

Додека СДС ветуваше и го лажеше народот, ВМРО-ДПМНЕ носеше резултати. Додека тие се сликаа на билборди, ВМРО-ДПМНЕ ги држеше и сеуште ги држи машините вклучени на терен.

-Во времето на СДС, државата ја задолжија до гуша.

-Ги понижија институциите, ги партизираа училиштата, болниците, администрацијата.

-Го продадоа името, ја бришеа историјата и се обидоа да ја скршат кичмата на македонскиот народ.

-Ги оставија граѓаните без иднина, младите да си заминуваат, старите да живеат со понижени пензии,…Тоа беше нивното „работење“? Тоа е нивната „вистина“?

А сега истите тие што ја осакатија државата, се осмелуваат да зборуваат за резултати!? Резултатите на владата на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците се видливи во секој град и во секое населено место.

И кога ќе видиш колку многу е направено, а потоа слушнеш некој како Филипче да зборува за „чиста нула“, не можеш а да не се запрашаш:

Дали тие луѓе навистина мислат дека народот е наивен? 

Народот ги гледа разликите: Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гради, кога СДС е на власт се ветува и се краде.

Народот многу добро знае кој стои на зборот, а кој се крие позади изговорите.

Под ВМРО-ДПМНЕ, Македонија повторно стои исправено. Се враќа достоинството, се враќа вербата и се враќа државата во рацете на народот.

Ако за Филипче тоа е „чиста нула“, тогаш тоа зборува само за нивното ниво на ароганција и очај. Оти, кога немаат проекти, ниту резултати, единственото што им останува е да халуцинираат. 

На 19 октомври народот ќе ја даде својата пресуда со пенкалото, ќе гласа за делата, ќе гласа за бројот 9, а СДС и Филипче од граѓаните ќе добијат ЧИСТА НУЛА!

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

To top