
Овој 19 октомври е денот кога секој од нас ќе ја донесе најважната одлука, дали ќе останеме неми набљудувачи, или ќе застанеме исправено, со достоинство, и ќе гласаме за развој, за Македонија каква што ја заслужуваме.
Гледавте како СДС ги газеа националните интереси, а притоа си ги полнеа своите џебови додека вие едвај преживувавте од ден за ден.
Но едно мора да се знае, седењето дома не е протест, тоа е поддршка за истите тие што не донесоа до ова дереџе.
Излезете и гласајте за Македонија што ќе се гради, ќе создава и ќе ги задржи младите дома.
Излезете и гласајте за иднината на вашите деца, на вашите внуци, гласајте за вашата иднина.
Излезете масовно како никога до сега и гласајте за Македонија што ќе ја водат чесни луѓе, кои нема да ве изневерат и ќе дадат сè од себе да не ве разочараат.
19 ОКТОМВРИ Е ДЕНОТ НА ВАШАТА ОДЛУКА, ВО КАКВА МАКЕДОНИЈА САКАТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ!
