
Предолго гледавме како ја газат Македонија, како ја претвораат во политичка лабораторија на експерименти и интереси.
Ни го менуваа името, историјата, идентитетот. Ни зборуваа дека тоа е напредок, а ние чувствувавме како срцето ни крвари. Ни ветуваа живот, а ни подарија срам и сиромаштија.
Но, овие избори не се само локални. Тие се испит на совеста. Испит на вербата во тоа што сме, што сакаме и каде сакаме да останеме да живееме.
На 19 октомври, кога ќе го земеш гласачкото ливче во рака, запомни–тоа не е само парче хартија.
Тоа е гласот на твојата општина, твојот град, твојата улица, твоето маало што ти вели: стани, не се предавај, не заборавај од кај си и кај си израснал!
Направете го вистинскиот избор.
Со твојот човек. За твоето место. За твојата иднина!
Со верба, љубов и надеж кон твојата општина и кон татковина!
