На прво место

Браќа и сестри, верни на Организацијата, Македонија се гордее со сите Вас!

2

1uv23 copy copy

Денес стоиме исправени пред историјата, со срца исполнети со неизмерна гордост. Пред нас трепери едно силно чувство што ретко се доживува, чувство дека си бил дел од нешто свето, нешто што ќе остане запишано во народното паметење.

Зад нас е историскиот триумф на ВМРО-ДПМНЕ на чело со нашиот лидер Христијан Мицкоски, најголемата победа во новата историја на Македонија! Победа што ја врати надежта, гордоста и вербата, дека Македонија може и мора да опстои исправена и горда со исправена кичма и економски силна!

Браќа и сестри, Ние Ветераните сме корените од кои израсна ВМРО-ДПМНЕ, Нашата љубов кон Македонија е темелот врз кој опстои Организација.

Иако годините поминуваат, Нашите срца не стареат, во Нас и денес гори истиот пламен како во тие први денови кога ја браневме честа на Македонија, кога стоевме на браникот на државата, без двоумење, без страв, со верба дека Македонија ќе победи.

Браќа и сестри, денес, можеме со гордост да кажеме: „И ние Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ придонесовме за оваа историска победа, за иднината на нашите деца и внуци и за иднината на сите граѓани во Македонија!“

Големата благодарност до сите Вас и до секој човек што излезе да гласа, што не се уплаши, што не се продаде, благодарност и до сите што му поверуваа на Христијан Мицкоски и го дадоа својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и рекоа: Да, вредеше!

На чело со нашиот лидер Христијан Мицкоски, сите обединети како што бевме обединети и мотивирани деведесетите години, покажавме дека идеологијата и единството е најсилното оружје на еден народ.

Но борбата браќа и сестри не е завршена. Не чека уште една голема победа!

Уште две недели не делат и повторно ќе покажеме дека сме најсилни кога сме обединети и мотивирани и веруваме во Тие кои денес ја водат ВМРО-ДПМНЕ.

Вториот круг на локалните избори е нашата следна задача, нашата следна битка. Затоа, до вториот круг од локалните избори, нека не‘ стивнува пламенот во срцата, да одиме уште посилно, уште помасовно, уште по обединето.

Мотивирани со чиста совест, по вториот круг ќе кажеме: Ние сме тие што дадовме се од себе за Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ, за нашиот лидер Христијан Мицкоски и за иднината на нашата заедничка Македонија!

Со почит кон сите Вас,

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески, Претседател на ИК-Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ. 

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top