На прво место

На 2 ноември ќе се испрати јасна порака: Ние не гласаме по етничка припадност, ние гласаме за заедништво, достоинство и иднина!

1Mane

9-mane 7

Манe Јаковлески

Довербата тешко се стекнува, но брзо се губи!

Во овие изборни денови, кога Македонија повторно се обидува да ја зачува својата тешко изборена стабилност и кревка меѓуетничка доверба, сведоци сме на опасни и неодговорни изјави кои одат спротивно на сè што оваа земја гради три децении наназад.

Опасната реторика на Билал Касами и Хаќим Рамадани не е само политичка грешка, тоа е отворено политичко предавство кое ги поткопува меѓуетничките односи и ја урива довербата меѓу граѓаните на Македонија.

По повиците за етничко гласање, мора да се констатира дека себичноста и национализмот на Билал Касами и Хаќим Рамадани прераснуваат во отворено политичко предавство.

Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од коалицијата „Вреди“, Хаќим Рамадани, кој е и директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на средба со иселеници во Хамбург, Германија, изјави дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“ и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и сите каде што се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец. Таа изјава е срамна и шовинистичка.

Неговиот политички сојузник, Билал Касами, пак, во интервју за албанската телевизија „Сири“ најави дека во вториот круг во Кичево ќе го поддржат кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, само затоа што е Албанец, а не кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски. Тоа е потег што не само што ја поткопува довербата, туку и ја уништува секоја идеја за искрен политички сојуз.

Националистичката реторика не е само политичка грешка, тоа е свесен чин на поделба, акт што ги поткопува темелите на заедничкото општество и претставува отворено политичко предавство кон државата во која живеат.

Билал Касами и Хаќим Рамадани забораваат дека оваа држава не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом на сите што веруваат во една идеја: дека можеме и мораме да живееме заедно, рамноправно и со меѓусебна почит.

Тие што шират етнички и верски поделби не му мислат добро ниту на Македонецот, ниту на Албанецот, ниту на било кој друг граѓанин на оваа држава. Поделбите не носат добро никому.

Ова не се „обични политички пораки“, тоа се опасни пораки што се обидуваат да ги вратат часовниците наназад, кон времиња кога недовербата беше секојдневие.

Зборуваме за свесно рушење на довербата меѓу граѓаните, за уривање на мостовите што толку тешко ги градевме од 2001 година наваму. Зборуваме за луѓе кои заради евтини политички поени се подготвени да го жртвуваат мирот и соживотот.

Тие што се обидуваат да ги делат граѓаните по национална основа, ќе останат запаметени како предавници на сите кои живееме во Македонија. 

Македонија е држава на сите свои граѓани, народ горд, кој преживеал секакви предизвици, но никогаш не се покорил. И ќе продолжи исправена и обединета напред, без разлика дали тоа им се допаѓа на Билал Касами и Хаќим Рамадани.

На 2 ноември ќе се испрати јасна порака: Ние не гласаме по етничка припадност, ние гласаме за заедништво, достоинство и иднина!

Македонија вечна, АМИН!

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top