На прво место

Дојде време некој во СДС гласно да каже, ДОСТА БЕШЕ!

701 copy

11-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Денес најголемата вистина за Социјалдемократскиот сојуз е дека оваа партија не може да тргне напред сè додека не се ослободи од товарот што ја гуши.

577407300 844419041386034 8955529584326299784 n

Готографијата е превземена од: Вистината за Македонија и БУгариа

Венко Филипче и Зоран Заев не се само политички фигури, тие се симбол на еден потрошен, корумпиран и морално распаднат политички систем кој повеќе нема што да ѝ понуди на СДС и Македонија.

СДС денес е заробеник на луѓе кои политиката ја претворија во мрежа на личен интерес, криминал и предавство.

Зоран Заев го продаде она што никогаш не смееше да се продава, името, знамето, честа и идентитетот на македонскиот народ. Под превезот на „европска иднина“, ја обезличи државата, ја понижи нацијата и ја остави Македонија со рана што нема лесно да зарасне. Од политиката направи пазар, а од државата експеримент. И денес, наместо да молчи пред народот што го излажа и продаде, неговата сенка и понатаму се протега врз СДС, како проклетство од кое партијата не може да се ослободи.

А Венко Филипче? Симбол на празен маркетинг без резултати. Под негово водство здравството колабираше, институциите паднаа, а довербата на граѓаните се распадна како кула од карти. Денес, истиот тој зборува за „нов почеток“, но народот одамна го прочита. Тоа не е нов почеток, туку обид за негов и спас на Заев од одговорност.

Филипче и Заев се две лица на истата извалкана монета, монета на криминал, предавство и лаги. Тие не ги бранеа интересите на Македонија, ги распродаваа. Не го слушаа народот, туку диктати од нашите соседи. Денес двајцата се кријат зад празни фрази за „вредности“ и „визии“, но народот не заборава, Македонија е повредена, но жива, и ќе живее и без нив.

СДС мора да се соочи со сопствената вистина, дека со овие двајца, партијата нема иднина! Македонецот може да прости, но не заборава кога некој го предал, а Заев и Филипче се жив симбол на предавство и криминал.

На Македонија ѝ е потребна опозиција што ќе ја сака државата повеќе од фотелјата.

Опозиција што нема да моли за аплаузи од соседите, туку ќе ја бара довербата од сопствениот народ,

Опозиција што ќе го слуша својот народ, а не да му се потсмева на неговите чувства,

Опозиција што нема да молчи кога се гази македонската чест,

Таква опозиција и треба на Македонија.

Време е СДС да се ослободи од минатото и да ја покаже последната капка достоинство што можеби ѝ останала. Да се исчисти од политичките паразити кои ја искористија и ја понижија. Дојде време некој во СДС гласно да викне: ДОСТА БЕШЕ, партијата што некогаш значеше надеж, да стане политичко гробиште поради неколку луѓе што си замислија дека Македонија е нивен приватен имот.

Ако СДС сака да преживее, мора веднаш и без калкулации да се ослободи од сенките на Венко Филипче и Зоран Заев. Ова не е само од интерес на партијата, ова е од интерес за иднината на Македонија!

Македонија ќе продолжи да се движи по вистинска насока и без СДС, но нека биде запаметено: оваа држава ќе ја градат тие што работаат за подобра иднина на сите граѓани, а не за тие што ја продаваа за куфери полни со долари или евра!

Македонија пред сè!

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top