На прво место

Во 1903 година, весникот „Вашингтон Тајмс“ објавил од Софија дека близу половина од населението во Бугарија се Македонци по род или потекло

90 copy copy

90 copy copy

Оваа информација, објавена во еден од најреномираните американски весници на почетокот на XX век, претставува историски шамар за сите кои денес се обидуваат да ја избришат или присвојат македонската нација и историја.

Во време кога балканските пропаганди биле во полн замав, американската дипломатија и новинарство веќе го препознале фактот дека Македонците се посебен народ, со јасна национална свест и традиција што не може да се поистовети со ниту една соседна држава.

„Вашингтон Тајмс“ не бил ни македонски, ни балкански весник, туку објективен американски извор кој забележал факти на терен.

Овој извештај не бил изолиран. Во истиот период, британски, француски и руски новинари пишувале дека Македонците се народ koj живеел меѓу Србите, Грците и Бугарите, со свој јазик и национална самосвест.

Додека балканските држави кроеле тајни планови за поделба на Македонија, светската јавност Македонија  веќе ја препознавала како посебна земја со свој народ.

По поделбата во 1913 година, Македонците во Пирин, Егеј и Вардар повторно биле принудени да го докажуваат своето постоење, дека не се ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, туку Македонци.

Затоа, кога денес некој од Софија ќе изјави дека „Македонците се измислен народ“, доволно е да се потсети на овој запис од 1903 година, доказ дека вистината за македонскиот народ е постара од сите политички лаги.

Во тоа време Македонците веќе имале книжевност, револуционерна организација (ВМРО), свои симболи и борба за слобода. Тоа наследство не може да се избрише ниту со уставни измени, ниту со фалсификувани историски комисии, ниту со притисоци од Брисел или Софија.

Записот од „Вашингтон Тајмс“ е повеќе од историски документ, тоа е сведоштво дека македонската вистина живеела и во најтемните времиња.

Македонците во Бугарија, Грција, Србија и низ целиот свет се дел од истиот тој македонски народ кој преживеал империи, поделби и фалсификати, но ја зачувал својата душа и името Македонија.

Вистината за Македонија не може да се избрише, таа е запишана и потврдена и од оние што немале причина да лажат, како некои наши соседи до ден денес!

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top