На прво место

Среќа, навистина голема среќа беше што Филипче и СДС цели 7 години беа на власт и ги донесоа ветените Фејсбук, Гугл и стазата за Ф1

1uv5

15-vmro 8 copy

Благодарение на тие „мега-инвестиции“, економијата ни процвета толку многу што дури и Скандинавците почнаа да ни завидуваат. Не знам како преживеавме без да ни отворат канцеларии на Марк и Сергеј во секое маало.

Среќа е и што Филипче и СДС државата ја водеа беспрекорно, економија, здравство, образование, инфраструктура, сè блесна. Па нели, успех до успех, реформа до реформа, баш како што секој ден можевме да видиме во реалноста… или барем на нивните пресови.

А да, да не ги заборавиме и милијардските приходи од Фејсбук, Гугл и Ф1 – толку големи што очигледно само тие ги видоа. Ние останатите мора да сме биле со затворени очи.

Но, шегата на страна, навистина е срамно човек кој не може сопствената партија да ја стабилизира, од која секој ден членови и поддржувачи бегаат како во времето на ковид хаосот, да излегува и да држи предавања за политики. Или уште полошо да зборува за борба против корупција и криминал.

На Филипче можеме само едно искрено да му посакаме: ако навистина мисли добро и на партијата и на државата, да си поднесе оставка и конечно да одговара за она што го има направено. Доволно долго беше штитен од пулените на неговиот ментор Заев во судството.

Економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и буџетот за 2026 се насочени кон повисоки пензии и плати, вистинска поддршка за ранливите категории, капитални инвестиции, намалување на јавниот долг и дефицитот и раст на БДП од 3,8%. Во времето на СДС „успех“ беше што државата не банкротираше од кражбите на Филипче, Заев и нивните блиски.

Затоа, следниот пат кога Филипче ќе реши да држи прес-конференција, би било добро два пати да размисли. Бидејќи секое негово појавување е понижување за граѓаните. А тие на последните избори јасно кажаа што мислат. СДС итно мора да се реформира, а Филипче да остане само белешка во политичката историја и тоа не премногу пофална.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top