На прво место

Македонија не е и несмее да биде естраден реквизит

701 copy

11-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонците не се против Србите, напротив, историски, културно и емоционално, народот ги третира Србите како пријатели.

Приведувањето на Аца Лукас во Кавадарци отвори реакции каква што одамна не сме виделе. Наместо едноставен инцидент што институциите ќе го расчистат по закон, добивме медиумска бура, балканска драма. и најтажно од сè, уште една провокација врз Македонија. И не случајно, веднаш се јавија „естрадни генерали“ кои многу полесно се фаќаат за политика отколку за микрофон.

Најгласен меѓу нив е Саша Мирковиќ, директорот на „Хајп ТВ“, кој од Белград со патетика и агресија го посочи премиерот Христијан Мицкоски како виновник за настанот. Ниту аргументи, ниту докази, само јасна желба да се нападне Македонија и да се наметне наратив дека нашата држава е нечија играчка.

И сето ова не доаѓа изолирано, само неколку недели претходно Цеца на настап држеше бугарско наместо македонско знаме и нејзината изјава подоцна беше уште поголема навреда од самиот гест: „Ми го дадоа од публиката, не знаев“, рече. Но знамето не е кеса од маркет, знамето е идентитет, историја, крв и жртва. Тоа не се меша со ништо, освен ако некој намерно сака да ги тестира македонската трпеливост и достоинство.

Кога на ова ќе се надоврзе и хистеричната реакција на Мирковиќ за приведувањето на Аца Лукас, станува јасно: дел од српската естрада одамна има потреба да ја претвори Македонија во сцена за лични битки, политички пораки и национални комплекси. Тие забораваат една мала, но многу важна работа, Македонија е држава со институции и со закони.

Македонските институции немаат обврска да ѝ се правдаат на ниту една естрадна ѕвезда ниту на нејзиниот продуцент. Ако Аца Лукас прекршил закон, ќе одговара по закон а не по желба на Мицкоски и не по аплаузите на некоја публика. Туку по ред, правило и закон. Тоа е европски и демократски принцип кој многумина во регионот очигледно сè уште не го сфатиле.

Дополнително, мора да се каже и едно: на концертот во Кавадарци, во клуб со капацитет од 200 посетители биле присутни над 700 луѓе – Македонија не смее да си дозволи уште едно Кочани. Безбедноста на граѓаните не е играчка, а институциите мора да реагираат кога се загрозуваат животи.

Токму затоа е важно да се каже јасно и гласно: Македонците не се против Србите, напротив, историски, културно и емоционално, народот ги третира Србите како пријатели. Но Македонија нема да дозволи провокатори, било од естрадата или од политичките задни кујни, да ги нарушуваат пријателските односи кои со децении се градат меѓу двете држави.

Пријателството не значи молчење пред навреди и непочитување на закон, туку меѓусебна почит и одговорност!

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

To top