На прво место

Стојаноска: На Конгресот ќе ја зацврстиме победата и ќе го трасираме патот за иднината со новата стратегија

Dafina

Dafina

Дафина Стојаноска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа, каде зборуваше за подготовките, значењето и очекувањата од претстојниот 18-ти Конгрес на партијата, кој ќе се одржи утре.  Таа истакна дека Конгресот има особено важна улога, како највисоко партиско тело, и дека ќе биде посветен на зацврстување на политичката победа и идната Стратегија Македонија 2030 на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Ова е редовен Конгрес којшто се одржува во нашата партија, според статутот, на секои 4 години. Вкупно делегати и гости очекуваме некаде 2600 да бидат присутни на овој 18-ти Конгрес. Ќе се одржи во Кавадарци  во спортската сала ,,Мито Хаџивасилев – Јасмин“, заради бројноста мораше таков објект да избереме“, рече Стојаноска.

Таа додаде дека организациските подготовки се при крај и дека се е подготвено пред почетокот на Конгресот.

,,Го избравме Кавадарци како град, кадешто досега ВМРО-ДПМНЕ нема одржано Конгрес. Сакавме да биде така, и јас би го прогнозориала како еден празнчен ден за партијата и за сите членови, Конгресот е највисокото наше партиско тело“, вели Стојаноска.

Пратеничката истакна дека кандидат е актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а и дека пракса е на секој Конгрес да се усвои стратешки документ. Стојаноска истакнува дека очекува Конгресот да ја зацврсти големата победа од 2024 година и локалните избори годинава , а новата стратегија ,,Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“, ќе биде насочена кон продолжување на тој успех.

,,Ова ќе биде негов трет мандат, како претседател на партијата, и да веќе е пракса воведена на секој Конгрес да усвојуваме и по еден стратешки документ. Сега веќе во улога на партија која што е на власт од 2024 година, парламентарните избори“, нагласи Стојаноска и додаде:

,,Очекувам едноставно само да се зацементира она, за што ние пред 2024 година жестоко се боревме. Најголемата победа беше во 2024 година, на било кои парламентарни избори досега. Истото се случи и со последниве локални избори. Во таа насока ќе се движи и стратегијата која што ќе ја усвоиме како конгресен документ“.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top