На прво место

Возот браќа почува да се враќа назад во Македонија!

Doma si e doma2

Doma si e doma2

Во минатото се пееше песната „Возот, браќа, тргнува право за Германија“.
Таа песна не беше само стих, беше судбина. Беше плач на мајки, стегнати срца на татковци и деца што заминуваа со куфери потешки од сопствените години. Автобуси полни со солзи. Билети во еден правец.

Погрешните и штетни политики на СДС и ДУИ ја претворија Македонија во земја од која се бега. Не заминуваа само поединци. заминуваа цели семејства, цели генерации. И не заминуваа сите затоа што немаше работа или затоа што сите сонуваа за луксуз. Заминуваа од безнадежност. Од неправда. Од чувство дека во сопствената татковина нема иднина за чесниот човек.

Но денес, Македонија се буди.

Денес, неправдите полека, но сигурно се исправаат. И затоа сè повеќе наши иселеници не само што размислуваат, туку веќе и се враќаат дома. Не затоа што таму не успеале, туку затоа што повторно се враќа довербата. Довербата дека во Македонија конечно се води вистинска, бескомпромисна борба против корупцијата и неправдата.

Таа борба не е лесна и нема да заврши преку ноќ, но најважното е, почна. И веќе нема враќање назад.

Истовремено, државата гради Автопати, Железници, Училишта, Детски градинки, се инвестира, платите растат, а со тоа се враќа и чувството дека вреди повторно да се живее, работи и сонува дома, во Македонија.

Нема поголемо богатство од тоа да си дома. Да ги гледаш своите деца како безгрижно играат со другарчињата од маалото. Да зборуваат на мајчин јазик. Да растат меѓу свои.

Пред некој ден, пријател од Германија ми вели: Како е можно кај вас луѓето да се жалат дека немаат пари, а гледам полни кафулиња, ресторани, продавници, фризерници со закажување, возат добри автомобили, прават свадби со по 200 и повеќе гости?. Кај нас во Германија ако вака живееме ќе банкротираме. Во право е мојот германски пријател.

Таму луѓето работат за да преживеат, во Македонија работат за да живеат.

Кириите во Германија се астрономски, додека кај нас над 80 проценти имаат сопствен дом, многу имаат и „станче“ и „мала викендица“, луксуз што таму е недостижен за мнозинството. Таму најголемиот дел од платата оди за кирија и давачки, кај нас тие се далеку помали.

Најважно од сè е што сè повеќе наши луѓе се враќаат, а уште поголем број сериозно размислуваат да се вратат дома, причината е јасна, редот почна да се воспоставува во државата.

Корупцијата го губи здивот. Да, сè уште има поединци кои, следејќи ги лошите примери на Заев, Филипче, Груби и други поранешни функционери, си велат: „Ако тие можеа, зошто јас да не?“

Но времињата се менуваат, а со нив и одговорноста.

И сè уште има обиди за „бакшиш“ по шалтери, болници и институции, но тоа е прашање на време. Народот повеќе не молчи, се охрабри да пријавува, а државата повеќе не замижува со оправдувањето: „Не го чепкај, наш е.“

И затоа, патот што некогаш водеше право за Германија, почна да се враќа назад во Македонија.

Македонија се радува на секој што се вратил, и на секој што размислува да се врати назад, дома, во нашата, но пред сè во својата Македонија.

Браќа и сестри, вратете се. 

Вие ѝ требате на Македонија, а Македонија Ви треба вам.

Среќна нова 2026 гдина!

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top