На прво место

Одбележани 18 години од формирањето на АРМ

miroslav-stojanovski-18avgust
Со свечено постројување вработените во Министерството за одбрана и во АРМ денеска го одбележаа 18-ти август, Денот на АРМ.

miroslav-stojanovski-18avgust
По овој повод, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал- потполковник Мирослав Стојановски, во присуство на министерот за одбрана Зоран Коњановски, во обраќањето нагласи дека овој датум го означува континуитетот на слободарскиот дух на двата Илиндена, но и темелот на формирањето на АРМ, како Армија на граѓаните на независна и суверена Република Макеоднија.

– Заради достигнатиот степен на интероперабилност, оперативна способност и обученост кои ги потврдивме во пракса, во Алијансата сме прифатени како рамноправен партнер. Спроведувањето на модерен систем за обука со примена на стандарди на НАТО, АРМ ја ставаат на високо место во борбата против глобалниот тероризам, нагласи Стојановски. Тој потсети дека 254 македонсктие мировници се распоредени во мировните мисии Авганистан, Босна и Херцеговина и во Либан.

Според началникот Стојановски АРМ е институција во која се спроведени најтемелните и најсеопфатни реформи и затоа, порача, дека за остварување на амбициите за развој на АРМ како армија на земја идна членка на НАТО, неопходна е конкретна поддршка, со која ќе се обезбедат услови за продолжување на интегративниот процес кон Алијансата.

– Но, и покрај постигнатите високи резултати припадниците на АРМ живеат и работат во релативно тешки услови, на што во голема мерка влијаат доделените буџетски средства за потребите на одбраната, а соочени сме и со опаѓање на нивниот стандард, оцени началникот на ГШ на АРМ, додавајќи оти недоволната реализација на армискиот буџет во услови на светска економска криза, негативно влијае, посочи, и на процесот на опремување и модернизација на Армијата.

Со едноминутно молчење почит им беше оддадена и на загинатите припадници на АРМ во 2001 година, по што беа положени венци и цвеќиња на споменикот во кругот на Министерството за одбрана и на ГШ на АРМ, од страна на делегации од МО, АРМ, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија, како и од семејствата на загинатите.

Во рамки на одбележувањето на Денот на АРМ, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, се одржува изложба на која се прикажани материјално-техничките средства и борбените возила, како и дел од вооружувањето со кое е опремена АРМ. Тактичко-техничкиот (ТТ) збор е од отворен карактер. Доцна попладнево дружењето со граѓаните по ТТ ќе заврши со концерт, на кој ќе настапат естрадни уметници од забавната и народната музика.

Претходно, во утринските часови на градските гробишта во Бутел се оддржа церемонија со полагање венци со цвеќе со воени почести на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

На 18 август 1943 година е формиран батаљонот „Мирче Ацев“ како прва регуларна воена единица на Народноослободителната Војска на Македонија, која прерасна во респектибилна Армија и дел од антифашистичката коалиција.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top