На прво место

Бугарија, преку својот парламент и преку меѓудржавен договор, во 1956 година го има признаено македонскиот јазик како посебен јазик

bg yu

bg yu

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ДОГОВОРОТ МЕЃУ ЈУГОСЛАВИЈА И БУГАРИЈА ОД 1956 ГОДИНА – ДОКУМЕНТ ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗБРИШЕ

Во времиња кога историските факти се релативизираат, а јазикот и идентитетот на македонскиот народ се предмет на политички условувања, постојат документи што зборуваат погласно од секоја дневна политика. Еден таков документ е Договорот за правна помош меѓу Народна Република Бугарија и Федеративна Народна Република Југославија, ратификуван од Бугарското народно собрание со Указ бр. 167 од 8 јуни 1956 година.

Овој договор не е маргинален акт, ниту неформална декларација. Станува збор за меѓудржавен, правно обврзувачки договор, усвоен и потпишан од официјалните институции на тогашната бугарска држава. Токму затоа неговата содржина има тежина што не може ниту да се оспори, ниту да се „препрочитува“ според дневно-политички потреби.

Во член 7 од договорот јасно се наведува дека бугарските и југословенските судови комуницираат преку надлежните институции на народните републики Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора. Веќе тука Македонија е јасно и недвосмислено именувана како посебна федерална единица.

Но клучниот доказ доаѓа во член 8.

Во него стои дека:

„Барањата за услуга и правна помош се изготвуваат на бугарски или српско-хрватски, словенечки, македонски јазик.“

И уште појасно:

„Документите и другите трудови што се изготвуваат… мора да бидат напишани на еден од јазиците наведени во истата алинеја.“

Овде нема фусноти, нема ѕвездички, нема „објаснувања“. Не пишува „бугарски дијалект“, не пишува „регионален говор“, не пишува „службен јазик на југословенска република со привремен карактер“. Пишува јасно и прецизно: македонски јазик.

Дополнителна тежина на овој факт му дава и ставот на Радосвета Василева, бугарски доктор на правни науки, која отворено констатира:

„Оние кои тврдат дека Бугарија не го признала постоењето на македонскиот јазик заборавиле на Договорот за правна помош помеѓу Југославија и Бугарија од 1956 година. Во договорот пишува ‘македонски јазик’, а не ‘бугарски дијалект што се зборува во Југославија’.“

Оваа изјава не доаѓа од македонска страна, туку од бугарски научник, што дополнително ја руши тезата дека станува збор за „југословенска конструкција“ или „наметната формулација“.

Фактите се јасни:
Бугарија, преку својот парламент и преку меѓудржавен договор, во 1956 година го има признаено македонскиот јазик како посебен јазик. Сè друго што денес се тврди е политичка ревизија на сопствените државни акти.

Историјата може да се премолчува, но документите остануваат. А овој договор е токму тоа – писмен, официјален и непобитен доказ дека македонскиот јазик не е производ на современа политика, туку реалност признаена и потврдена и од оние што денес најгласно ја негираат.

Вистината, колку и да се турка под тепих, секогаш си го наоѓа патот.

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top