На прво место

Зошто на СДС им пречи времената пауза на иселеничките визи?

4588e558-bcc9-4a5b-a4c4-0c0a31772a2e

4588e558-bcc9-4a5b-a4c4-0c0a31772a2e

Очигледно е дека на СДС им пречи што Соединетите Американски Држави не издаваат иселенички визи во овој момент, иако токму тие со години водеа политики што ја туркаа Македонија кон масовно иселување.

Денес, со доза на лицемерие, се обидуваат да глумат загриженост за граѓаните, додека свесно ја дезинформираат јавноста во врска со американската визна политика и шират непотребна паника.

СДС повторно ја користи старата и веќе препознатлива матрица – манипулации, извртување на фактите и плашење на јавноста. Наместо одговорна и конструктивна опозиција, тие избираат да создадат лажна слика за наводни забрани, суспензии и санкции, иако ништо од тоа не е точно. Таквиот пристап не ѝ штети само на политичката култура, туку директно ја поткопува довербата на граѓаните и ја нарушува репутацијата на државата.

Фактите се јасни и недвосмислени: не станува збор за забрана за патување, ниту за суспендирање или целосен прекин на визите за граѓаните на Македонија. Ниту е ограничен влезот во САД, ниту пак е воведена каква било санкција кон македонските граѓани.

Станува збор исклучиво за временa административна пауза на постапките поврзани со иселенички визи, категорија за која и онака има најмал број апликации од нашата држава.

Тоа значи дека туристичките, деловните, студентските и другите неимигрантски визи продолжуваат да функционираат без никакви ограничувања. Но СДС намерно ги меша поимите и категориите, свесно креирајќи конфузија, со цел да ја претстави државата како изолирана и казнета – наратив што им служи исклучиво за дневнополитички поени.

Прашањето е логично и неизбежно: зошто на СДС им пречи времената пауза на иселеничките визи?

Зарем не беше токму СДС таа партија под чие владеење Македонија стана држава од која масовно се иселуваат граѓаните?

Зарем не беа тие години кога младите луѓе ја гледаа иднината исклучиво надвор од границите, а не во сопствената татковина?

Сликите од тоа време се уште свежи во колективната меморија – полни автобуси што заминуваа во еден правец, без план за враќање. Цели семејства што ја напуштаа земјата во потрага по подобар живот, затоа што дома немаше перспектива, сигурност, ниту надеж. Под владеењето на СДС, иселувањето не беше случајност, туку последица на системски неуспех – економски, институционален и морален.

Резултатот од тие политики денес е видлив на секој чекор: празни села, опустени градови и цели региони без млади луѓе. Училишта што се затвораат поради недостиг на ученици, цели маала во кои живеат само повозрасни граѓани и економија што ја губи својата најважна сила – човечкиот капитал. Тоа е вистинската демографска слика што ја остави СДС зад себе.

И наместо денес да понудат искрено извинување или барем сериозна анализа за демографскиот колапс што го предизвикаа, тие повторно избираат да шират дезинформации и да создаваат паника околу теми што немаат никаква врска со реалноста. Наместо факти и одговорност, нудат манипулации и сензации.

Затоа, ова што го гледаме денес не е грижа за граѓаните, ниту пак искрена загриженост за нивната иднина. Ова е продолжение на истата политика што со години ја празнеше Македонија – политика на бегање од одговорност и на злоупотреба на чувствителни теми за краткорочни политички цели.

МН

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top