На прво место

Конечно во Македонија почна да се гради свест дека демографијата не е статистика, туку прашање на опстанок

Majka-zena

Majka-zena

Само едно нешто поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш мајка!

Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, сѐ повеќе општини започнуваат активно да преземаат конкретни чекори за поддршка на семејствата и за охрабрување на раѓањето деца.

Овие мерки не се само форма на социјална помош – тие претставуваат инвестиција во иднината на државата и во нејзиниот највреден ресурс: луѓето.

Деновиве, повеќе општини низ Македонија јасно покажаа дека семејството и децата повторно стануваат приоритет. Сѐ поголем број локални самоуправи воведуваат конкретни мерки за финансиска поддршка на новороденчињата и на младите семејства, испраќајќи силна и охрабрувачка порака до младите дека не се сами и дека државата стои зад нивната одлука да создадат семејство.

Па така, секое семејство во Општина Гази Баба кое ќе добие новородено дете ќе добие финансиска поддршка од 8.000 денари.

Во Општина Центар, еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари, што е јасен сигнал за зголемена грижа и поддршка.

Општина Могила оди чекор понатаму и директно инвестира во иднината и во семејството, обезбедувајќи 10.000 денари за првородено дете, 15.000 денари за второродено и дури 30.000 денари за трето дете. Дополнително, општината ги поддржува и новосклучените бракови со по 20.000 денари, охрабрувајќи ги младите да го направат првиот и најважен животен чекор.

Во Општина Аеродром, младите до 35 години се целосно ослободени од плаќање комуналии за изградба, доградба или надградба на својот прв дом – мерка која директно го решава едно од најчувствителните прашања за младите семејства: домувањето.

И многу други општини воведуваат или планираат да воведат вакви или слични мерки. Тоа е добар и охрабрувачки сигнал.

Овие локални политики сами по себе нема магично да го решат проблемот, но тие се важен и неопходен почеток. Носат директно финансиско олеснување ја зголемуваат сигурноста кај младите семејства и, можеби најважно, испраќаат јасна порака дека државата и локалната самоуправа размислуваат долгорочно и одговорно.

Поддршката за новороденчињата не е трошок. Таа е најисплатливата инвестиција што една држава може да ја направи – инвестиција во луѓето, во иднината и во опстанокот на Македонија.

За зголемување на наталитетот, секако, клучна улога има и инфраструктурата – изградбата на нови детски градинки, училишта, болници,  како и создавање подобри услови за образование и грижа за децата. Без доволен капацитет и квалитетни јавни услуги, секоја демографска мерка останува недовршена.

Но, колку и да се важни институциите, најважниот фактор сепак се луѓето – младите. Ниту една финансиска мерка, ниту една градинка или училиште нема да дадат вистински резултат ако не постои мотивација кај младите и свест дека семејството и децата се најголемата и највредната животна инвестиција.

Токму затоа државата и општините мора постојано да испраќаат јасна и недвосмислена порака: семејството е вредност, а повеќедетното семејство е сила, а не товар. Најголемиот капитал на една држава се детскиот џагор, полните училишта и семејствата што гледаат иднина токму тука.

Децата не се товар, туку најсилниот мотив. Тие го тераат човекот да се бори повеќе, да создава, да оди напред и кога е најтешко. Детската љубов има сила да ги надмине и најголемите животни кризи. Колку семејството е поголемо и посложно, толку е посилно и поотпорно на ветровите што дуваат од сите страни. Семејството е остров на сигурност – место каде секој може да се врати, да најде мир, љубов и сила за нов почеток.

Денес, државата конечно ја препознава сериозноста на демографската состојба. Актуелната влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, вложува напори за да се запре сушењето на македонското дрво. Свеста дека демографијата е прашање на национален опстанок полека, но сигурно, се зацврстува.

Децата отсекогаш биле богатство, а не товар. Не вреди животот ако зад себе не оставите потомство кое ќе ја продолжи семејната лоза и ќе ги памети делата на своите родители и на својот народ. Децата се нашата иднина, нашата надеж и нашата поддршка во староста.

Време е зборовите да се претворат во дела. Време е младите да не се плашат од својата најважна животна мисија.

Да ја добиеме битката за зголемување на наталитетот. Создавајте семејства. Имајте повеќе деца.

Затоа што без нив – нема Македонија.

1aa-MN

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top