На прво место

Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“

dsc00685 zanmitrev-2624

dsc00685 zanmitrev-2624

Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“ – закани, уцени и институционален притисок врз медицината

Зоран Заев и Венко Филипче уште еднаш се разобличени пред македонската јавност, овојпат преку сведоштвата на човек кој со децении го гради здравствениот систем таму каде што државата потфрлувала – д-р Жан Митрев.

Приказната што ја отвори д-р Митрев не е само лична, ниту пак се однесува исклучиво на една приватна болница. Таа е симптом на еден поширок проблем: злоупотреба на институциите, политички притисок и обид за насилно преземање на успешни приватни иницијативи од страна на власта, сè со цел лично и партиско профитирање.

За разлика од политичарите кои институциите ги користеа како алатка за притисок и контрола, д-р Жан Митрев со децении ја градеше македонската медицина.

Илјадници спасени животи, десетици илјади лекувани пациенти и медицински достигнувања што ја позиционираа Македонија на мапата на современата кардиохирургија, се дел од неговиот професионален печат.

Знаењето и искуството на Жан Митрев што ги донесе од Германија не беа задржани за лична корист, туку преточени во здравствен систем што овозможи врвни медицински интервенции какви што дотогаш беа возможни само во соседните држави, Србија и Бугарија и најразвиените европски центри.

Наместо да ја поддржи домашната експертиза и тогашната Клиника „Филип Втори“, владата на СДС во минатото свесно ја маргинализираше болницата на д-р Жан Митрев.

Наместо пациентите да се лекуваат во Македонија, кај врвни домашни лекари, тие системски беа упатувани на лекување во Србија и Бугарија.

Тоа не беше прашање на медицинска нужност, туку на политички и бизнис-интереси, проследени со сомнежи за земање огромни провизии.

Со таквата политика, СДС не само што ја поткопуваше македонската медицина, туку директно работеше против сопствените граѓани и против развојот на националниот здравствен систем.

Болницата „Жан Митрев“ стана симбол на современа медицина, професионализам и надеж за илјадници семејства.

Особено во периодот на КОВИД-пандемијата, кога државниот здравствен систем се соочи со сериозни слабости, болницата на д-р Митрев беше последна надеж за најтешките пациенти. Додека институциите доцнеа со набавка на вакцини, со организација и со јасна стратегија, таму се водеа битки за живот и смрт – секојдневно и без калкулации.

Но, наместо признание за спасените животи и придонесот за јавното здравје, следуваше институционален прогон.

Според сведоштвата дадени во интервју на национална телевизија, од позиција на премиер и министер за здравство, Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребувале државните институции со јасна цел – да извршат притисок и да ја преземат приватната болница „Жан Митрев“. Наместо да служат на граѓаните, тие користеле закани, уцени и административни механизми за остварување на сопствени лукративни интереси.

Во екот на судски процес, во време кога институциите беа под целосна контрола на тогашната власт на СДС, биле блокирани сметките на болницата, како и личната сметка на д-р Митрев. Дополнително, била воведена и забрана за продажба на болницата – мерки што директно ја загрозувале нејзината работа и опстанок.

Но, особено сериозни сомнежи отвора фактот дека, според кажувањата на Жан Митрев, само една недела откако Зоран Заев и поединци од власта изразиле интерес за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба. Овој потег неминовно упатува на прашањето: дали правосудството било инструментализирано за политички и бизнис-договори зад затворени врати.

Сите овие околности укажуваат на координирано институционално дејствување со цел болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност. Тоа не е ништо друго освен обид за организиран грабеж, прикриен зад формата на „законско постапување“.

Апсурдот е уште поголем ако се има предвид времето во кое сето ова се случувало.

Додека граѓаните масовно умираа од последиците на пандемијата, додека здравствениот систем беше под огромен притисок, а вакцините доцнеа, тогашната власт не ја насочила целата енергија кон заштита на јавното здравје, туку кон шеми за лично богатење и преземање на приватни здравствени установи.

Ова е вистинското лице на СДС – партија која додека беше на власт не се двоумеше да уценува, да се заканува и да ги злоупотребува институциите за рекет и притисок. Партија која наместо да ја поддржи успешната медицина, се обидувала да ја стави под своја контрола.

Затоа, Јавното обвинителство има обврска веднаш да отвори постапка и неселективно да ги истражи сите наводи. Не смее да има заштитени, ниту недопирливи, без разлика на нивната поранешна функција или политичка припадност.

Македонија мора конечно да расчисти со ваквите криминални практики. Без политички калкулации, без селективна правда и без компромиси со вистината. Законот мора да важи за сите – особено за оние кои со години веруваа дека се над него.

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top