На прво место

Дали има крај за криминалот од владеењето на СДС и ДУИ?

Kose

Kose

Место политиката на СДС и ДУИ да биде, во секое ќошенце дете, во секое ќоше се трупаа илјадници евра, додека младите генерации остануваа запоставени, без перспектива и со полни автобуси ја напуштаа државата во еден правец.

Дали криминалот има крај или, пак, неговите корени се толку длабоко вградени во институциите што секој нов ден носи нов скандал?

Прашањето не е повеќе реторичко, туку болно реално. Речиси и да нема ден без откритие за злоупотреби, корупција и криминал што потекнуваат од годините на владеење на СДС и ДУИ.

Каде и да се врши контрола – во судството, администрацијата, јавните претпријатија или безбедносните структури – се појавуваат исти обрасци: милионски суми, сомнителни трансакции и луѓе кои со години биле „недопирливи“.

Загрижува фактот дека криминалот не бил маргинален, туку системски, заштитен и институционализиран.

Најновиот случај е шокантен и симболичен за целосната ерозија на правната држава. Во рамки на обемна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, при претрес во домот на родителите на судија од Апелацискиот суд Скопје, во Неготино, биле пронајдени дури 350.000 евра, соѕидани во ѕид – пари сокриени како во криминален филм, а не во дом поврзан со еден од највисоките столбови на правосудниот систем.

Неофицијално, станува збор за судијата Ѓоко Ристов, а случајот е директно поврзан со минатомесечното апсење на адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа. Според истрагата, Стафа примил 50.000 евра за да посредува и да влијае врз судија во Апелацискиот суд Скопје со цел укинување на мерка притвор за свој клиент.

А клиентот не е било кој – станува збор за Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, осомничен во случајот „Синџир“, име што јавноста одамна го поврзува со сериозен криминал. Кога вакви луѓе бараат „услуги“, а судии и поранешни државни функционери се подготвени да ги испорачаат, повеќе нема дилема – правдата била на продажба.

Овој случај не е изолиран инцидент, туку логична последица на години политички притисоци, партиски кадри и свесно уништување на институционалниот интегритет. СДС и ДУИ со години се колнеа во „реформи“, „европски вредности“ и „владеење на правото“, додека зад сцената се градела мрежа на корупција во која судството било клучна алка.

Прашањето денес не е дали имало криминал, туку колкав бил неговиот опфат и колку уште вакви „ѕидови“ кријат пари од сомнително потекло. И уште поважно – дали конечно ќе има целосна одговорност, без селекција, без заштитени имиња и без политички калкулации.

Ако државата навистина сака раскин со минатото, ова мора да биде почеток, а не исклучок. Македонија нема проблем со недостаток на закони, туку со недостаток на правда. А криминалот, колку и да бил длабоко соѕидан, мора да биде изваден на светло – до последното евро и до последното име.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top