На прво место

Раштимани пораки од Мала Речица: Филипче зборува за Гостивар, а Ахмети за Европа

Zaev-Afmeti

Zaev-Afmeti

Средбата во Мала Речица меѓу Венко Филипче и Али Ахмети, одржана на барање на лидерот на СДСМ и само еден ден пред лидерската средба кај Христијан Мицкоски, повеќе личеше на раштиман оркестар отколку на сериозен политички разговор со јасна агенда. Двајцата лидери, иако формално зборуваат за ист настан, во јавноста испратија целосно различни пораки – Филипче за Гостивар, Ахмети за евроинтеграциите.

Според Филипче, клучната тема на средбата била локалната самоуправа во Гостивар и соработката околу градоначалникот Валбон Лимани. Иронијата е очигледна: Лимани е кандидат предложен од Арбен Таравари, зад кој застана ДУИ, а поддршка даде и СДСМ на дополнителните избори. Филипче тврди дека во Гостивар има „сериозни проблеми“ и потреба од реорганизација, иако истиот тој градоначалник ја води општината уште од 2024 година. Прашањето што логично се наметнува е – дали проблемите се појавија дури откако СДСМ му даде поддршка, или станува збор за политичка конструкција за домашна употреба?

Филипче избегна директен одговор дали на Ахмети му понудил соработка во т.н. „европски опозициски фронт“, иако токму таква информација објави ТВ 24, повикувајќи се на извори и од СДСМ и од ДУИ. Наместо јасен демант или потврда, Филипче избра напад – тврдејќи дека Ахмети, со тоа што по средбата заминал на лидерската кај Мицкоски, ја „легитимирал криминалната власт“.

Од друга страна, од Мала Речица дојде сосема поинаква верзија. За ТВ 24 од ДУИ соопштија дека на средбата се разговарало пред сè за евроинтегративниот процес, додека локалната соработка во Гостивар ја сведоа на „автономна одлука на локалните власти“. Ниту збор за реорганизации, ниту за проблеми, ниту за политичка одговорност.

Дополнително, ТВ 24 објави дека, според неофицијални информации, Филипче токму во Мала Речица, ден пред лидерската средба, му понудил на Ахмети формирање „европски опозициски фронт“, како и поддршка за бојкот на средбата кај Мицкоски. Висок функционер на ДУИ за телевизијата потврди дека таква понуда постоела, иако засега нема јасни информации дали Ахмети ја прифатил или одбил.

Контрадикциите не завршуваат тука. Само неколку денови по лидерската средба, Филипче јавно ги нападна ДУИ и Левица, обвинувајќи ги дека „седнале на маса со власта“ и се договарале за свои интереси, прогласувајќи се себеси и СДСМ за „единствена опозиција“. Истовремено, јавноста дознава дека токму тој, зад затворени врати, преговарал со Ахмети за заеднички фронт.

Сето ова отвора едно суштинско прашање: дали средбата во Мала Речица беше разговор за европска иднина, за локална власт во Гостивар, или за политичко преживување на СДСМ по бојкотот на лидерската средба? Кога еден лидер зборува за комунални проблеми, а другиот за стратешки државни процеси, јасно е дека не станува збор за несогласување во нијанси, туку за длабока политичка неискреност.

Средбата Филипче–Ахмети не ја разјасни политичката сцена – напротив, ја замагли уште повеќе. А кога политиката се води со двојни пораки и паралелни вистини, најчесто единствената конзистентна работа е борбата за сопствен рејтинг, а не за јавниот интерес или европската иднина на државата.

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top