На прво место

Секое дете што се враќа од дијапората во македонско училиште е победа над демографското празнење

b11c95f7-9936-4759-bf75-f80e4fccc3dd

b11c95f7-9936-4759-bf75-f80e4fccc3dd

Со 29 нови ученици кои се враќаат од Англија, Холандија и Германија, второто полугодие во Штип започна со вест што буди надеж.

Во земја каде со години броевме затворени паралелки, споени одделенија и училишта што едвај преживуваат, ваквата информација не е само статистика – таа е симбол.

Децении наназад Македонија живее со континуиран одлив на население. Во 90-тите заминуваа цели семејства поради економската несигурност, во транзициските години поради уништената индустрија, а последната деценија – поради чувство на безнадежност, неправда и систем во кој чесниот човек немаше шанса.

Во многу градови, меѓу кои и Штип, Виница, Делчево, Кратово, Пробиштип,… училиштата беа првите што го почувствуваа ударот: празни клупи и помалку првачиња.

Затоа последната вест за нови ученици што се враќаат од западноевропските држави носи тежина поголема од бројката 29. Зад секое дете стои семејство што некогаш заминало со куфер во рака и сомнеж во срцето, а денес носи одлука да се врати. Не секогаш од економски причини – туку поради желбата децата да растат дома, со свој јазик, своја култура и чувство на припадност.

Вакви примери не се изолирани. Имаме информација дека и во Македонска Каменица се вратиле најмалку четири деца, а слични сигнали пристигнуваат и од други помали градови и општини.

Во минатото ваквите вести беа речиси незамисливи. Тогаш од Македонија се заминуваше „во полни автобуси“, како што народот горчливо велеше, особено во годините на недомаќинско и криминално владеење на СДС и ДУИ, кога многумина не си заминаа поради поголеми плати, туку затоа што не можеа да издржат неправда, партизација и чувство дека државата е плен.

Дали ова значи дека започнува повратен процес?

Рано е за еуфорија, но доволно е за внимателен оптимизам. Секое дете што се враќа во македонско училиште е мала, но важна победа над демографското празнење. Тоа е знак дека дијаспората внимателно ја следи политиката на актуелната влада, пораките за грижа за сите граѓани и најавите за конкретни програми со кои би се мотивирале нашите иселеници да се вратат почнува да дава резултати.

Ако денес зборуваме за 29 ученици во Штип и неколку во Македонска Каменица, утре тоа може да значи обновени паралелки, нов живот во малите градови и повторно запалена светлина во куќите што со години беа заклучени.

Ова нека биде и апел до сите наши во дијаспората: потребни сте ѝ на Македонија. Не само како дознаки и носталгични приказни, туку како луѓе, родители, работници, знаење и иднина. Македонија можеби долго време ве разочаруваше, но без вас таа нема целосно да заздрави. Ако почнаа да се враќаат децата, време е да се врати и надежта.

Токму затоа, фактот што некои семејства решаваат децата да ги запишат повторно во македонски училишта е силен индикатор дека се враќа дел од довербата.

Нашите иселеници не заминаа само поради платите. Заминаа поради неправдата, партизацијата, нефункционалните институции и чувството дека иднината им е украдена.

Кога тие денес почнуваат да размислуваат за враќање, тоа значи дека внимателно следат дали нешто суштински се менува: дали државата покажува грижа, дали системот станува попредвидлив, дали има перспектива за нивните деца.

Ако Македонија покаже дека може да им понуди квалитетно образование, безбедност и еднакви шанси, тогаш овој сигнал може да прерасне во тренд.

Затоа, да, ова е знак дека дел од иселениците повторно почнуваат да веруваат во Македонија.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top