На прво место

Кажете дали сакате да бидете во ЕУ, повика евроамбасадорот Михаил Рокас и остана жив!

724d8f94-fd4d-4a8d-a30c-0bc9680391f8

724d8f94-fd4d-4a8d-a30c-0bc9680391f8

Евроамбасадорот Михаил Рокас изјави, дека е „неопходно внатрешно обединување за надминување на пречките за влез во ЕУ“, звучи како Македонија да треба да инсталира звучници низ цела држава и непрекинато да емитува една иста порака: „Да, ние сакаме да бидеме примени во членство во Европската Унија!“.

Но таа порака одамна е кажана. Илјада пати. На избори, на референдуми, на улица, во анкети, во стратегии, во болни компромиси. Единствено што недостасува е една клучна, намерно премолчена реченица: Да – Македонија сака да биде членка на ЕУ, но со исправен грб. Непонижена. Неуценета. Неизлажана.

А што да кажеме кога уште во 1990-тите познатиот француски дипломат Батендер јавно изјави дека Македонија е подготвена за членство во Европската Унија, во време кога земјата штотуку зачекоруваше како независна држава?

Ако тогаш бевме спремни, а денес–по три децении реформи, отстапки, ветувања и компромиси–сè уште не сме?, тогаш проблемот очигледно не е во Македонија.

Ако во 1990-тите бевме спремни, а во 2026 не сме, тогаш или сме драстично назадувале – или Европската Унија со години не знае што сака од Македонија.

Години наназад се поставуваат услови, се ветуваат датуми, се отвораат перспективи–па се затвораат. Се менуваат правила среде игра, се додаваат нови барања. И сето тоа под истото мото: „Само уште ова, па потоа…“

Три децении, ќе влеземе во Гинесовата книга на рекорди?

Евроамбасадорот вели дека Македонија има „целосна поддршка“ за членство и дека е клучно да се постигне внатрешен консензус за да се искористи „политичкиот момент“. Убаво звучи.

Но проблемот е што Македонија имаше консензус и тогаш кога го смени името. И кога прифати историски ревизии. И кога отвори уставни прашања под надворешен притисок. Консензус имаше – резултат немаше.

Рокас смета дека ако се обезбеди внатрешно единство, „останатите бариери ќе бидат надминати“. Тука лежи суштинската манипулација. Зашто најголемите бариери не беа внатрешни, туку надворешни.

Факт што и самите граѓани во огромен процент ја поддржуваат ЕУ–71 отсто, со најголема поддршка кај младите. Тоа не е доказ за наивност, туку за трпение. И за надеж дека Европа ќе почне да се однесува европски.

Да, граѓаните сакаат реформи. Сакаат владеење на правото, борба против корупцијата, чиста животна средина. Но тие реформи не се монета за поткусурување, туку обврска на секоја држава кон сопствените граѓани. Членството во ЕУ треба да биде признание за напредокот, а не стап за уценување.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер пак зборува за кредибилитетот на процесот и за чувството на припадност. Токму тука е проблемот: чувството на припадност не се гради со понижување, туку со почит. Не со „само уште еден услов“, туку со јасен, чесен и предвидлив пат.

Затоа, место Македонија да се дерe преку разглас дека сака во ЕУ, тоа Европа треба да го каже гласно, дали е подготвена да ја прими Македонија како рамноправна членка – а не како вечен кандидат, вечна тема и вечна жртва на туѓи интереси.

Иронично и нечесно, истите тие што го условуваа процесот, го кочеа, го релативизираа и го претворија во бесконечна чекалница, ни порачуваат: „Ама кажете ни дали навистина сакате?“

Да, ние сакаме да бидеме примени во членство во Европската Унија!

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top