На прво место

Проблемот во Бугарија не е недостиг на закони, туку недостиг на одговорност

joveva-960x592-1

joveva-960x592-1

Ирена Јовева: Владеењето на правото не функционира „од време на време“

Словенечката европратеничка со македонско потекло, Ирена Јовева, по дводневната мисија во Софија, објави остар и директен текст на Фејсбук во кој без дипломатски ракавици ја критикува состојбата со владеењето на правото во Бугарија.

Повод за нејзината реакција е одговорот на бугарскиот министер за правда во заминување, кој на прашањето зошто се игнорира јасна судска пресуда за нелегалноста на функцијата на генералниот обвинител, цинично изјавил:
„Судските одлуки во Бугарија не се игнорираат… цело време.“

Според Јовева, токму таа реченица е сурово, но прецизно резиме на состојбата во државата.

Таа опишува систем во кој новинарите добиваат тужби наместо информации од институциите, судии чии кариери не зависат од правото и законот, туку од лојалност кон политички центри на моќ. „Привремени“ позиции што траат со години, мандати што никогаш не завршуваат и одговорност што никогаш не започнува.

Јовева укажува и на парадоксот во кој граѓанското општество и антикорупциските организации располагаат со документи, снимки и сведоштва – но без никаква правна или институционална епилога. Во исто време, политички непожелните лица лесно завршуваат во затвор, додека институциите систематски се демонтираат одвнатре.

„Проблемот во Бугарија не е недостиг на закони, туку недостиг на одговорност“, пишува европратеничката.

Таа најавува дека извештајот од мисијата на групата Renew Europe ќе биде суров, без разубавување и целосно базиран на факти. Доколку состојбата не се промени, не ја исклучува можноста за конкретни мерки од страна на Европскиот парламент и институциите на ЕУ.

„Не за да се казни Бугарија, туку затоа што никој не е должен да живее во систем каде што законот важи само ‘од време на време’. Владеењето на правото не функционира ‘од време на време’. Или функционира – или не“, порачува Јовева.

Во Европската унија, Бугарија е полноправна членка, но владеењето на правото таму функционира како опционален додаток – вклучен кога одговара, исклучен кога пречи.

Додека Брисел држи лекции за европски вредности, во Софија се демонстрира како судските одлуки можат да важат „од време на време“, а институциите да постојат само како декор.

Европската Унија може да си дозволи многу компромиси, но ако дозволи владеењето на правото да стане прашање на распоред, а не на принцип, тогаш проблемот веќе не е само бугарски, туку европски.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top