
Името на Македонија се појавува во мејловите на Џефри Епштајн – осуден милијардер, педофил, сексуален предатор и трговец со малолетнички.
Ова не е шпекулација, туку јавно достапен документ што отвора сериозни сомнежи за криминал, злоупотреба и тешко кршење на етички и законски норми.
Во објавената кореспонденција, Епштајн е информиран за научно истражување во кое, според пораките, биле користени човечки мозоци од Македонија, а во истата информација јасно се наведува дека во организацијата помогнал член на факултетот на Универзитетот Колумбија, со потекло од Македонија.
Институциите мора да отворат предмет и да утврдат кој е организаторот на изнесувањето на човечки органи од Македонија;
Да го идентификуваат членот на факултетот на Колумбија, со македонско потекло, кој помогнал во организацијата;
Кој ја продал државата?
Кој потпишал?
И кој штител?
Ова мора да заврши со истрага, имиња и одговорност.