На прво место

Македонија како балкански „нарко-центар“

1uv3

15-vmro 11 copy copy copy copy copy copy

Македонија како балкански „нарко-центар“ наместо медицинска, марихуана за црниот пазар, запленетите 40 тони од фирми блиски до Заев и Филипче

Македонија во време на владеењето на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.

Последната заплена од околу 40 тони марихуана јасно покажува дека таканаречениот „медицински канабис“ бил само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога. Овие количини се запленети од компании со лиценци за производство на канабис за медицински цели, токму оние лиценци кои беа издавани во време на Заев и Филипче.

Околу 70 проценти, односно околу 30 тони од запленетата марихуана, потекнуваат од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, компанија која во јавноста се поврзува со лица блиски до СДС, Зоран Заев и Венко Филипче. Основач на фирмата е Христијан Котев, син на Тони Котев М’гчев, поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село и човек близок до Заев.

Лиценците за производство на канабис во тоа време не се издавале според јасни и строги критериуми, туку според партиска и лична блискост со СДС, Заев и Филипче.

Паничните реакции на Заев и Филипче по откривањето на случајот, дополнително ја потврдуваат нивната вмешаност.

Нервозата кај Заев паничните јавувања, објавите на социјалните мрежи и сомнителните движења на Филипче даваат дополнителен сомнеж. Сето тоа личи на гасење пожар а не на однесување на луѓе кои имаат чист образ.

Сите овие индиции укажуваат на сериозна поврзаност меѓу поранешната власт и криминалот со марихуана.

Јавното обвинителство темелно, целосно и неселективно да го истражи случајот. Како се издавале лиценците, кој стои зад компаниите, каде завршувала произведената марихуана и кој ја штител нелегалната трговија. Кој и колку профитирал?

Законот мора да важи за сите подеднакво. Јавноста очекува одговори, а институциите мора да покажат дека никој не е над законот. Законот мора да важи и за Заев и за Филипче и за нивните соработници. Одговорност мора да има.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top