На прво место

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија

USA-MK

USA-MK

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија

Во време кога геополитиката повторно ја диктира економијата, секој сигнал од Вашингтон има тежина.

Објавата на Белата куќа за Заедничка изјава меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија за „реципрочна, фер и балансирана трговија“ не е само дипломатска формалност. Таа е јасна политичка и економска порака.

По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, Македонија влегува во нова фаза на меѓународно позиционирање. Фаза во која повеќе не сме предмет на надзор, туку партнер во стратешки договори.

Рамката предвидува тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%. Тоа не се само бројки, туку конкретен економски импулс за:

-зголемување на извозот на македонски производи,

-привлекување нови американски и од други држави  инвестиции,
-отворање работни места со повисока додадена вредност.

Американскиот пазар е еден од најголемите во светот. Пристапот до него под поволни и предвидливи услови значи стабилност за извозниците, но и силен сигнал до глобалните инвеститори дека Македонија е сигурна и сериозна бизнис-дестинација.

Оваа изјава е резултат на континуитет во односите и потврда дека Македонија останува цврсто позиционирана во евроатлантскиот блок.

Стратешкото партнерство со САД не е само безбедносна гаранција, тоа е економска рамка што отвора нови перспективи за развој.

Поддршката од Вашингтон значи доверба во институциите, во реформскиот капацитет на Владата и во долгорочната стабилност на државата.

Во регион кој често е изложен на политички турбуленции, ваквата доверба претставува капитал од непроценлива вредност.

Самото објавување на ваков документ од Белата куќа е сигнал дека Македонија се перципира како доверлив и предвидлив партнер.

Со паралелно продлабочување на односите со Обединетото Кралство, зајакнување на позицијата во рамките на Советот на Европа и новата трговска рамка со САД, Македонија постепено ја гради својата улога како мост меѓу регионот и глобалните пазари.

Ова е политика на конкретни резултати, nе декларативна дипломатија, туку договори со мерлив ефект. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници.

Прашањето повеќе не е дали Македонија има меѓународна поддршка. Прашањето е како најдобро ќе ја искористиме, за повисок животен стандард, посилна економија и држава што не е предмет на надзор, туку рамноправен партнер за договор.

Договорот со Соединетите Американски Држави вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека 63–64 стратешки производи од Македонија ќе се извезуваат на американскиот пазар со едноцифрена тарифа – од 0 до 6,5 проценти.

Тој преку социјалните мрежи информираше дека објавената Заедничка изјава од Белата куќа е силен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и отвора пат кон сеопфатен договор со тарифи до 15%, а за одредени производи и до 0%.

Покрај трговијата, договорот носи и енергетска димензија.

Македонија во иднина ќе се снабдува со американски течен природен гас (ЛНГ), по изградбата на новиот гасен интерконектор со Грција.

Со тоа државата ќе ја зајакне енергетската безбедност и ќе ги диверзифицира изворите на снабдување, намалувајќи ја зависноста од еден пазар.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top