На прво место

Македонија и понатаму чека членство во ЕУ!

999999

999999

Иако Европска комисија со години препорачува почеток на преговорите, процесот за Македонија и натаму не се отвора.

Причините се познати: барања од Грција и Бугарија, уставни измени, билатерални спорови претворени во европски критериуми. Унијата тврди дека билатералните прашања не смеат да го киднапираат процесот, но токму тие денес го диктираат темпото.

Во исто време, Европска Унија сериозно размислува за модели на делумна или фазна интеграција за Украина, држава во војна. Тоа не е критика кон Киев, тоа е прашање за Брисел: ако постои политичка одлука, правилата стануваат флексибилни, ако не постои, правилата стануваат ѕид.

Македонија направи тешки компромиси и спроведе сериозни реформи. Но наместо предвидлив процес, добива постојано поместување на целта. Прво се бараше промена на името, уставот, знамето,…денес се бара уставна измена со вклучување на бугарската заедница како предуслов за отворање на поглавјата. Утре кој знае што.

Проблемот повеќе не е технички, тој е политички и тоа не во Скопје, туку во Брисел.

Балканот не е географија, туку безбедност.

Западниот Балкан не е периферија. Тој е внатрешен двор на Европа. Ако регионот не се интегрира, ќе остане геополитичка празнина во срцето на континентот.

Македонија се наоѓа на т.н. Балканска рута, преку која мигранти и бегалци од Блискиот Исток, Азија и Африка се обидуваат да стигнат до земјите на Европската Унија. Таа има значајна улога во контролата на миграциските текови кон ЕУ, при што дел од мигрантите влегуваат на нејзина територија од земји членки на ЕУ, како Бугарија и Грција.

Ако ЕУ сака да спречи руско, кинеско или турско влијание, и ако сака стабилни граници и предвидливо соседство, тогаш проширувањето не смее да биде бирократска формула–туку стратешка одлука.

Другите веќе се тука

Русија игра на картата на историски врски, енергетска зависност и политичка поларизација.

Кина настапува преку кредити, инфраструктура и договори без политички услови.

Турција гради влијание преку економија, култура и директни политички контакти.

Ниту една од овие сили не нуди европски модел, но сите нудат присуство, а со тоа и влијание.

Доколку Унијата продолжи со одолговлекување, без јасна временска рамка и без веродостоен сигнал дека проширувањето е реална цел, таа самата ќе ја поткопа сопствената привлечност. А кога европската перспектива слабее, расте просторот за алтернативи.

Во геополитиката важи едноставно правило: каде што нема интеграција, има натпревар за влијание. Тој натпревар веќе се случува.

Прашањето не е дали Македонија ѝ треба на Европа.
Прашањето е дали Европа има стратегиска храброст да го признае тоа.

МН

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top