На прво место

Целта на Владата е граѓаните да имаат енергенси по најевтини цени во регионот

1uv5

15-vmro 8 copy copy copy

Целта на Владата е граѓаните да имаат енергенси по најевтини цени во регионот и да се обезбеди стабилност на пазарот, дури и во услови на глобални турбуленции.

Граѓаните многу добро се сеќаваат каква беше реалноста во периодот на владеење на СДС, кога несигурноста и неподготвеноста за справување со кризи беа секојдневие.

Случувањата на Блискиот Исток дополнително ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час. Во такви услови, Владата неуморно работи на обезбедување енергетска стабилност и предвидливост за граѓаните и стопанството.

Стратешката цел на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да има енергенси по најниски цени во регионот, и покрај глобалните притисоци кои укажуваат на можни поскапувања. Во дел од соседните држави цените на енергенсите се повисоки за 40, 50, па дури и 60 проценти.

Во таа насока Владата одржа средба со претставници на нафтената индустрија, со цел координација на мерките и преземање на сите можни чекори за заштита на стандардот на граѓаните.

За разлика од ваквиот пристап, опозицијата повторно се служи со празни флоскули и политиканство, наместо со конкретни решенија. Но тоа не е изненадување, имајќи предвид дека нивната досегашна пракса покажува дека не знаат, ниту пак покажале дека умеат да се справат со кризи.

Пример за тоа е лидерот на СДС, Венко Филипче, кој во време на пандемијата со Ковид-19 покажа дека интересите на граѓаните не му се на прво место. Тогаш се обидуваше да набавува вакцини преку компанија за јужно овошје по три пати повисока цена, додека граѓаните беа приморани да се вакцинираат во соседни земји. Наместо системско решение, јавноста беше сведок на политичко шоу на границите за донација од 5.000 вакцини.

СДС беше последна во регионот што обезбеди вакцини и заштита за своите граѓани.

Разликата меѓу одговорното управување и неодговорното однесување е повеќе од очигледна. Владата продолжува да работи во интерес на граѓаните, со јасна цел – стабилни цени, сигурност и подобар стандард за сите.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top