На прво место

Политика на паника: кога дезинформациите стануваат стратегија на СДС

28dc8635-09f2-4fde-bb72-ae1ad533908c

28dc8635-09f2-4fde-bb72-ae1ad533908c

И цел свет да ги демантира СДС и Венко Филипче за измислиците околу наводни мигранти, очигледно е дека тие немаат намера да се соочат со фактите.

Наместо тоа, продолжуваат да ја повторуваат истата приказна, како вистината да може да се замени со доволно гласно повторена дезинформација.

Најсвеж пример за тоа беше кампањата во која СДС и нивниот лидер пласираа тврдења дека Македонија наводно ќе стане камп за мигранти од Обединетото Кралство. Со ваквата реторика се обидоа да предизвикаат паника и чувство на несигурност кај граѓаните, создавајќи впечаток дека државата влегува во некаков таен и штетен договор.

Но реалноста беше сосема поинаква.

Овие тврдења беа јавно и недвосмислено демантирани од релевантните институции во државата, а јасен став стигна и од британската дипломатија. Британските претставници потврдија дека не постои ниту план, ниту договор, ниту било каква намера Македонија да стане центар за мигранти. Дополнително, ваквите шпекулации беа отфрлени и од британскиот амбасадор во земјата, Метју Лосон.

Токму во таа насока треба да се гледа и стратешката соработка со Обединетото Кралство. Стратешкиот договор меѓу двете држави претставува важен дипломатски и економски чекор и е еден од највисоките изрази на меѓусебна доверба.

Овој договор не е само формален акт на билатерална соработка. Тој ја позиционира Македонија во кругот на интересите на една од највлијателните политички и економски сили во светот и отвора простор за нов инвестициски циклус – особено во клучни сектори како инфраструктурата, транспортот, железницата и здравството.

Но наместо ова да биде повод за конструктивна дебата, СДС се обиде да го претвори во уште една политичка манипулација, пласирајќи приказни за „тајни договори“ и скриени агенди. Кога политиката ќе се сведе на фабрикување вести, тогаш граѓаните стануваат алатка во една погрешна стратегија.

Можеби токму затоа довербата во СДС континуирано опаѓа. Политиката на паника, шпекулации и свесно пласирани дезинформации има краток рок на траење. Граѓаните препознаваат кога некој се обидува да создаде страв таму каде што нема причина за тоа.

Но вистинската „миграција“ што се случи во македонската политика нема никаква врска со бегалци или со странски договори. Таа се случи во самото гласачко тело на СДС.

Илјадници нивни поранешни поддржувачи ја напуштија партијата и се префрлија кон други политички опции, разочарани од политиките, од скандалите и од начинот на кој се водеше државата во нивниот мандат.

Токму таа политичка миграција е причината поради која СДС денес е сведена на околу 100.000 гласови. И колку повеќе партијата се обидува да создава паника со измислени приказни, толку повеќе ја потврдува причината зошто довербата на граѓаните драстично опадна.

А кога една партија наместо со факти се бори со фабрикувани наративи, тогаш вината не треба да ја бара во демантите од целиот свет – туку во сопствената политика.

МН

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top