На прво место

ЕПИСКОПОТ ВЕЛИЧКИ ИЗБРАН ЗА НОВ АДМИНИСТРАТОР НА АВСТРАЛИСКО-НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА

16326

16326

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, на седницата одржана на 19 март 2026 година го разреши досегашниот администратор на Австралиско-новозеландската епархија г. Петар и за нов епархиски архијереј го избра епископот велички г. Никола (Трајковски), со титула митрополит австралиско-новозеландски и неговото назначување се смета од денот на изборот 

Македонските православни црковни општини, цркви и манастири во Австралија се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни и културно-просветни институции. За реализирање на своите активности, црковните општини пред сѐ, имаат добиено широка поддршка од австралиската влада и од мајката-Светиклиментовата црква. Со формирање на црковните општини во Австрлија, во голема мера се придонесе да се подигне на повисоко рамниште и во извесна смисла да се определи националниот идентитет на Македонците од сите делови на Македонија. Македонските доселеници во Австралија, без разлика од кој дел на Македонија, и со какви патни исправи се дојдени во демократска и мултикултурна Австралија.

Овие македонски православни светилишта во Австралија се мошне ценети од тамошното општество, пред се’ поради резултатите што Македонците ги постигнуваат во работата, а и поради нивниот однос и висок степен на лојалност кон новата татковина-Австралија. Меѓутоа, најзначајно е тоа што македонските иселеници преку своите црковни општини ја афирмираат својата стара татковина Македонија, со што даваат прилог и на планот на меѓународните односи.

Австралиско-македонската црковна епархија е формирана со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ со цел да ги продлабочи врските и да ја јакне љубовта меѓу македонсктие доселеници во Австралија со Татковината и со Црквата. Во почетокот беше заедничка за САД, Канада и Австралија, како Американско-канадска – австралиска црковна епархија, кога во 1969 година, за прв архиереј на заедничката епархија беше избран митрополитот г. Кирил. Од есента 1981 година, за архиереј на Австралиската епархија е избран митрополитот г. Тимотеј, во која меѓу другите, потпретседатели биле познатите исленици: Васил Мојанов, Ристо Алтин, Коста Радин, Ванчо Неделковски и други. Во 1995 година, надлежен архиереј за Австралиската епархија беше избран митрополитот Петар, со што до 19 март 2026 година, во Австралија имаше две епахии: Австралиско-новозеландска, со надлежен архиереј г. Петат  и Сиднејско австралиска епархија, со надлежен архиереј г. Тимотеј..

163267

Светиот синод на МПЦ-ОА

Австралиско-новозеландската епархија е една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Таа е една од четирите епархии надвор од Република Македонија и има јурисдикција за Австралија, Нов Зеланд и териториите околу нив.

За одбележување е 19  март 2025 година, кој ќе биде забележал со златни букви во црковното живеење на Македонците од сите делови на Македонија кои живеат во Австралија. Имено, на тој ден Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија на редовната седница во полн состав, го разгледа предлогот на митрополитот г. Петар за негово разрешување од должноста администратор на Австралиско-новозеландската епархија и за нов епархиски архијереј го избра епископот велички г. Никола (Трајковски), со титула митрополит австралиско-новозеландски. Неговото  неговото назначување се смета од денот на изборот.

 Новоизбраниот Митрополит Никола е роден во 1974 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје. Остварува двогодишен студиски престој на Катедрата по византологија на Карловиот универзитет во Прага, каде се образува во областа на средновековната литература.

Замонашен е во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе во 1998 година. Истата година е ракоположен во ѓаконски чин, а идната година во свештенички чин. Ракопроизведен е во игуменско достоинство во 2006 година и поставен е за старешина на манастирот „Свети Никола“ во Мариово. Од почетокот на 2008 година активно се посветува на ревитализацијата на овој манастирски комплекс, се прават редица конзерваторско-реставраторски зафати во црквата, се обновува богослужбениот и духовниот поредок, се развива манастирската економија и друго..

Во 2008 година, на Богословскиот факултет на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија, митрополитот Никола го одбрани магистерскиот труд „Придонесот на руското духовништво за црковниот живот во Македонија во 20-иот век“, кој е објавен на македонски и руски јазик. Докторант е на истиот факултет.

Во 2012 година е ракопроизведен во чин архимандрит.

Во 2023 година е избран за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија, со титулата епископ Велички, а во 2024 година во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола е ракоположен во епископски чин.

Објавува текстови и учествува на научни собири и конференции во Македонија и вон државата на теми од областа на средновековна и понова црковна историја, агиографија и црковна книжевност. Член е на повеќе значајни архиепископски и епархиски црковни тела и органи.

Во соопштението, Светиот Архиерејски Синодот упати и порака до верниците во периодот на Великиот пост, повикувајќи ги молитвено да ги поминат преостанатите денови од постот и достојно да го пречекаат Христовото воскресение.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top