На прво место

НА ТУЃИ СЦЕНИ – ПРОТИВ СОПСТВЕНИОТ НАРОД

makedonija-bugarija-1024x472

makedonija-bugarija-1024x472

Ова не е нов феномен. Но денес, повеќе од кога било, станува болно јасен. Не како случаен испад, не како момент на слабост, туку како образец. Како навика што се повторува и како стратегија што се храни од туѓи аплаузи и домашна тишина.

Изјавите на Љубчо Георгиевски одамна престанаа да изненадуваат. Од голем патриот, тој со години наназад упорно отвора наративи за „бугарско потекло“ на Македонците, како да станува збор за лична мисија, а не за историски и национално чувствителен простор.

Но кога на таа линија ќе застанат и други–како Оливер Андонов, претставен од водителот како фунционер во ВМРО-ДПМНЕ, а самиот се претставува дека тој и уште двајца тројца до него, на кои не им се исполнети некои лични побарувања од партијата, биле фракција во ВМРО-ДПМНЕ, тогаш веќе не зборуваме за индивидуални ставови, зборуваме за појава, за тренд што има последици.

Она што најмногу загрижува не е само тоа што овие луѓе одат по бугарски медиуми и зборуваат против сопствената држава. Туку тоа што селективно молчат. Молчат за суштината. Молчат за коренот на проблемот, а кои со нивните изјави помагаат затегнатите одности меѓу двата соседни народи, уште повеќе да се заострат.

Ниту еден од нив не го поставува наједноставното, но најважното прашање: како и зошто дојде до заострување на односите меѓу Македонија и Бугарија?

Зошто не се враќаат на моментот кога, со големи очекувања, беше потпишан Договорот за добрососедство? Договор што требаше да биде мост – а се претвори во алатка за нови притисоци. Зошто не кажуваат дека токму по тој договор започнаа нови условувања, нови блокади, нови барања како да немаат крај?

Зошто не ја кажуваат очигледната вистина: дека проблемот никогаш не бил во тоа дали Бугарите ќе бидат дел од Уставот? Македонија покажа подготвеност, мо Македонија бара нешто елементарно, гаранција. Гаранција пред се’ од ЕУ, дека ова е последното барање. Дека нема да следува ново „но“, и токму тука тие молчат.

Не зборуваат за секојдневните провокации што доаѓаат од Софија. Не зборуваат за тоа дека Гоце Делчев се прогласува за Бугарин. Дека Илинденското востание се претставува како бугарско. Дека македонскиот јазик се сведува на „дијалект“. Дека македонскиот народ се негира како историска категорија.

Тоа не го анализираат. Не го осудуваат. Не го ни спомнуваат.

Како да постои невидлива линија која не смеат да ја преминат. Како да има тема што е забранета, не затоа што не постои, туку затоа што не им одговара на оние пред кои настапуваат.

Оваа стратегија е опасна бидејќи ја замаглува границата меѓу личното мислење и националниот интерес. Секој има право на став, тоа е суштината на демократијата. Но, кога тој став директно се користи за поткопување на позицијата на сопствената држава во чувствителни меѓудржавни односи, тогаш веќе не станува збор само за слобода на говор, туку и за одговорност.

Особено е проблематичен шаблонот што често го следат овие настапи. Кога ќе се исцрпат аргументите против Македонија, веднаш се вовлекуваат други теми: се спомнува Србија и српско влијание, потоа Унгарија, а на крај, речиси по правило се додава и Владимир Путин и Русија.

Овој наратив не е случаен. Тој има цел да ја прикаже Македонија како дел од некаков поширок геополитички проблем, наместо како држава со сопствена историја и легитимни позиции и интереси.

Да зборуваш критички дома со аргументи тоа е демократија.
Да го зборуваш на туѓа сцена, каде што секој твој збор ќе биде употребен против твојата држава, тоа веќе не е критика, тоа е придонес во туѓ наратив.

Во политичкиот живот понекогаш гледаме сцени што личат на старите народни поговорки: да се моли на туѓа икона за својот дом, или да се сее семе на туѓа нива.

Така изгледа кога некој политичар, незадоволен од своите очекувања дома, се обидува надвор да ја критикува сопствената држава, да бара поддршка или притисок од други влади.

9aa-mane 1 copy

Мане Јаковлески

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top