На прво место

Сонцето на Македонија

gordana-dimovska

gordana-dimovska
Гордана Димовска

Големиот идеолог и револуционер Гоце Делчев (1872-1903) претставува видна и маркантна фигура во нашата историја. Македонија го сметаше за свој син, затоа што со храброста што ја поседуваше, го будеше духот на слободата, револуционерното движење, традиции, борба за национално, социјално -ослободување. токму затоа Гоцевото име стана легенда , синоним во борбата на македонскиот народ за слободна егзистенција и еманципација. Гоце стана прва револуционерна совест, смел борец за национални и социјални права. Поради неговата голема љубов кон Македонија, посветеност и учество во борба за ослободување од турското ропство, народот го нарекол Сонцето на Македонија. Како хуманист и револуционер, тој отфрлаше секаква национална омраза .

Не можат да не се спомнат и нагласат Гоцевите изјави во писма но и неговите директни обраќања до народот и своите соборци. И ден денес одекнуваат во нас како силен пламен.

‘Јас не ги мразам османлиите како народ, јас војувам против османлиската тиранија како господаречки систем.

‘Македонскиот народ, не може да прави политика, ниту да им дозволиме други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога да се прави востание, ќе реши народот. …Крвта на народот е скапа и не сакаме да ослободуваме трупови, туку жив народ, за да живее и да расте‘

Гоце како противник на секакво инфилтрирање однадвор имаше речено:

‘Додека моето рамо крепи пушка, Македонија е недостижна за тираните, Не верувам дека има народ кој толку многу трпел од своите синови – изроди, како македонскиот.‘

‘Да си ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех‘ – 1901

‘Нека не се губи времето, тоа е толку скапо, дека со ништо не се купува‘ – 1900

‘Моралната револуција – револуцијата во умот, срцето и душата на еден ропски народ, е најголема задача‘ – 1901

‘Да ја уништиме секоја рака, која се подига да фрли кал над нашето знаме, пат току рамен за нас, а колку гибелен за секој наш противник‘ – 1901

‘За мене неразбирливо е, кога од нас се бара она што ние го бараме од целиот свет‘ 1902

‘На Внатрешната Организација јас имам чест да и бидам скромен деец‘ – Ова го изјавува на собранието на Македонските друштва во 1902 година.

‘Орачот треба да гледа напред…Се се прави од народот. Делото што се води бара средства…Може и грешки да направат, но возможно ли е без тоа?..Ќе бидам восхитен ако може ослободувањето на таа измачена земја да се добие само со едно дувнување на устата, но каде е таа магична сила… – Септември 1902

‘Со молчење и бездејност од никаде ништо не излегува‘ – од писмото до И.М Белешков – 28.11.1902

‘Другари, кој е со две срца, нека остане тука, а кој е со едно ама машко, нека тргне со мене. Ние не одиме на свадба, туку заминуваме за Македонија за да се бориме за ослободувањето на својот народ‘ – Обраќање на Гоце пред група свои соборци во декември 1902.

‘ Ние нема засега уште да се исправаме гради со гради пред големиот и многуброен непријател како пред некој воз. Но , ние сме толку силни, иако сме помалобројни, да му развртиме повеќе бурми, та тој да се истури и да падне. Низ такви акции ќе го креваме борбениот дух во народот, ќе ја крѓиме силата на Отоманската Империја и ќе го убедуваме народот во можноста да води победоносна војна против многубројниот непријател‘..- Обраќање  на Гоце до жителите на Банско, крајот на декември 1902.

‘Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија? Во Штип дојдовме случајно – сеедно каде, но треба да се започне поскоро. Треба да се просвети и организира народот, да се вооружи, да му се влее вера во неговите сили- да разбере како може да се оттргне од ропството и мизеријата – да му се отворат очите.‘ Гоце на Даме Груев во 1894 година.

‘Слобода ни треба нам. Така како што ја владееме ноќта, треба да го владееме и денот. И тоа ќе го постигнеме или ќе изумреме.‘  февруари, 1903

‘Ако досега имаше ризик за нашиот живот во иднина тој ризик ќе биде многу поголем. Ќе треба да се умира за слободата на татковината.‘ Гоце Делчев на 6-ти февруари 1903 година пред своите борци.

Последните зборови на Гоце (според М. Чаков) биле: ‘Ах , момци, рани….‘ – 4 мај 1903,Баница.

Борбата против штетното влијание на контрареволуционерните движења, Гоце ја спроведе и во конкретна и практична дејност во Македонија, каде што, зависно од условите, ја ширеше идејата на револуцијата, ја штитеше самостојноста и самобитноста на македонската кауза. Неговите зборови кажуваат многу, неговите зборови остануваат да сведочат за едно далечно тешко минато на македонскиот народ, за неговата високо развиена свест да се бори за своја национална слобода.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top